„Тимот е двигател на успешните компании“ – Александра Рeндевска, стручен соработник со сектор наплата во СН Осигурителен Брокер

„Не постои такво нешто како слабост. Постои само несвесна сила“. Ова утро разговараме со Александра Рендевска, стручен соработник во сектор наплата. Рендевска е дел од тимот на СН Осигурителен Брокер од 2020 година и неуморно гради успешна кариера.

-Без колегијалност, не би постигнале ништо. Тимот е срцето на една компанија. Ни рече Рeндевска, а потоа на нашето прашање што е клучно за тимот на СН Осигурителен Брокер функционира и го исполни планот, Александра ни одговори:

-Позитивна енергија. Таа е клучот. Ако во нашите канцеларии се чувствува незадоволство, кое е далеку од искрен пристап кон она што го планираме, таргетираме како цел, не би постигнале ништо. Нашите обврски можеби ќе бидат завршени, но не во целост. Оваа компанија има силна визија, а за да растеме брзо, како и што растеме, потребен е фокус, брзо размислување, искреност. Тоа е синџир во кого треба да се знае планот, за потоа да се фокусираш на она што е приоритетно и она што е помалку приоритетно.

тимот брокер

На што се должи твојата позитивна енергија?

На работата на себе, на трпението, на слушањето на внатрешниот глас. Ако не се случи денес, ќе се случи утре. Едноставно, ако визуелизацијата за еден план, било дали деловен или приватен е доволно јасен, па дури и реален, еднаш мора да се случи. Најважно е само да не се откажуваме.

Твојата работа е поврзана со клиенти. Како се снаоѓаш со оваа функција?

Разбирањето на проблемот и откривањето на она што е најважно за негова солуција, значи почетно инволвирање на првиот чекор. Како ќе зборуваме, за што ги консултираме, како да пристапиме, што е најважно за нашите клиенти? На крај наша обврска е да ги потсетиме дека секогаш сме на нивна страна и стоиме зад фактот дека секогаш ги исполнуваме нивните барања. Пристапуваме со позитивна енергија и човечки. Некое извесно незадоволство, не смее да се прочита, затоа што секој човек заслужува убави и сигурно денови. Денови во кои и кога постои непланиран дожд, да знаат дека сме оние кои им го отвораат чадорот и ги штитат.

Koja e Александра Рендевска надвор од деловниот „блејзер“?

Сопруга и мајка на тинејџер. Одговорна и сепак многу трпелива имајќи го предвид фактот дека мојот син е во оние години каде навистина треба да му го покажеш патот, да го поучиш, да разбере тоа што треба и она што е неопходно или не е толку важно да го има. Горда сум на фактот што тој се развива во една прекрасна личност, полна со трпение, разбирање и позитивна енергија. И така, некако од тука би рекла дека започнува сѐ. Од домот, семејството, грижата за најблиските. Нешто најосновно и најважно кое постојано го потенцира нашата работа во СН Осигурителен Брокер. Компанија која секогаш е од страна на клиентот.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *