Упорноста и посветеноста се мои основни двигатели – Благица К. Тодорова, дел од тимот на СН Осигурителен брокер, сектор осигурување во живот и неживот

Благица Коцева Тодорова, во СН Осигурителен Брокер е задолжена за делот на осигурување живот и неживот. Тодорова е успешна и амбициозна! Во нејзино присуство човек има чувство дека може да направи и да постигне сѐ!

Кога би зборувале за неа, помислуваме на совршен спој на знаење, енергија, мотивираност. Коцева свесно ги остварува соништата. Знае да ги оживее идеите, а „Шефице!“ е нејзиното препознатливо обраќање. (Во СН тимот веќе брендирана реплика!)

Благица е оној човек кој секогаш ти недостасува во денот! Оној на кого можеш да се потприш, да развиеш дискусија, да примиш совет и да разбудиш позитивна енергија.

Имено, што се однесува до нејзината работа, Коцева Тодорова e лиценциран брокер. Раководител на експозитура Кавадарци во сектор продажба на сите класи на осигурување, во живот и неживот. Организација, планирање, продажба.

Задоволство е да се разговара со нашата Благица, дел од големото семејство на СН Осигурителен брокер.

Осигурување, во живот и неживот. Кој е предизвикот со кој се соочуваш во работата и зошто баш оваа професија?

Благица: Умешноста, упорноста и посветеноста се трите основни мои двигатели за да успеам во реализација на моите цели. Со предизвици се соочувам секојдневно кои пак ми даваат сила и волја да продолжам уште повеќе. Во оваа работа, има постојана акција и вложување на енергија каде се појаснува суштината на најскопецоното нешто за човекот, животот. За оваа работа треба енергија, кондиција, позитивна перцепција и социјализација. А сето тоа е дел од мојот караkтер.

Во што верува Благица?

Благица: Верувам во себе си, а кога една личност ја има најсилната алка, а тоа е самодовербата, тогаш секогаш е загарантиран и успехот.

Што те нервира?

Благица: Ме нервира, неправдата (Како онаа „…Калимеро нема правда“). Секогаш гледам да се дообјаснам. Сакам да докажам дека на овој свет постои таа правдина. Таа ни е толку блиску, пред очи ни е… Затоа се трудам секогаш да ја акцентирам вистината која носи до правилни и праведни заклучоци.

А што те одмара?

Благица: Ме одмара добар акционен филм. Мојот живот е секогаш во некаква акција и затоа секогаш „ме држи“ во одлична кондиција. Ме одмараат и патувањата. Ме полнат со позитивна енергија и делуваат како филтер низ кој се исфрла негативната енергија. Мислам дека има посебна магија при посетувањето на непознати дестинации, туристички или не толку познати места. Одиш со една верзија од себе си, а се враќаш како нов човек, одново подготовен да му дадеш мотив на животот. како на приватен, така и на деловен план.

осигурување на живот и неживот

Мото?

Благица: „Ти можеш, ти знаеш, ти ќе успееш!“

Благица што е потребно за успех? Верувам дека ти го знаеш рецептот?   

Благица: За успех е потребно да имаш знаење и самодоверба. Рецептот е тоа. Надвор од мојата работа сум посветена во делот на правата и јакнење на жените. Тоа е уште едно нешто што ме исполнува. „Силни жени, силно општество!“ А нашата СН групација е една која има ако не се лажам повеќе од 70% жени во својата структура.

СН Осигурителен брокер, секогаш моќен во предизвикот за прифаќање на нови трендови во деловните простории. Иновации и креативни солуции кои се раѓаат од она така нареченото „basic“ или основна точка, од која континуирано се развива нашата компанија. Гордо стоиме зад улогата на нашиот тим. Базична структура што успешно го придвижува СН Осигурителен брокер, наоѓајќи го своето место како лидер во осигурителниот пазар во нашата земја.

Благица Коцева Тодорова – Раководител на експозитура Кавадарци

Сектор:  Продажба на сите класи на осигурување, во живот и неживот

Експозитура: Кавадарци

Улица: „Булевар Македонија“ бр. 3Д 1430 Кавадарци

Телефонски број: +389 70 394 203

www.snbroker.mk

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *