Првите облици на осигурување – Пишани траги за осигурувањето низ историјата

Свесноста за ризикот и опасноста кај човекот се развила многу одамна. Од тука, ги разгледуваме пишаните траги за осигурувањето низ историјата.

Осврнувајќи се кон терминологијата и значењето на зборот осигурување, наидовме на неколку податоци. Зборот „осигурување“ како што пишува на еден од нашите извори, во најширока смисла значи сигурност, доверба во нешто, заштитата. ( француски – Assurance, англиски – Insurance, германски – Versicherung)

Според општите податоци на википедија, осигурувањето е објаснето како „овозможување интелигентно управување со ризикот, со постигнување на стабилност и развој.“ Следствено, избегнувањето, ублажувањето, преносот на ризик и осигурувањето се нешта кои ја намалуваат неизвесноста. Така стекнатата сигурност во осигурителните компании кои денес ги знаеме, водат до чувство на сигурност, стабилнност и заштита кон осигуреникот.

„Убаво е кога некој секогаш е на ваша страна!“   

Гладот како прва опасност на која наиде човекот

Osiguruvanje niz istorijata

Свесноста од ризик се појавува уште во првобитната човечка заедница.

Во рамките на племето, а подоцна и на семејството, се наоѓаат првите облици на осигурување. Првата опасност со која човекот се соочил, била гладот. „Мерката од која се обидуваше да се заштити беа скромните, задолжителни прилози на поединецот во жито во периодот на раѓање.“

Поморскиот сообраќај низ историјата како главен катализатор за економски развој, но и свесноста за ризиците од загуби и штета

Кај Кинезите исто така се појавуваат првите облици на осигурување. Кај нив, елементите на осигурување се појавуваат при транспорт на стока преку реката Јангце.

Имајќи предвид дека поморскиот сообраќај низ историјата е главниот катализатор за економски развој, токму тука се создава овој поим. 

Исто така, осигрувањето како обид или осигурувањето низ историјата се појавува и во Вавилон и тоа пред четири милениуми.

Имено, податоците за неговиот опис велат:

„Во случај на загуба на бродот, на сопственикот му била надоместена штетата, а ако бродот стигнал до целта, сопственикот бил должен да плати одреден дел од добивката.“

Пишани траги за осигурувањето во законот на Хамураби

Хамурабиевиот законик  е создаден во 1760 година п.н.е. и е познат како еден од првите збирки закони (кодескси, законици). Имено, Хамурабиевиот законик е најдобро зачуваниот пример на овој вид на документ од Месопотамија.

За осигурувањето постојат и пишани траги и тоа во законот на Хамураби.

Станува збор за годината 2250 п.н.е. Пишаните траги кои зборуваат за осигурвањето се во вид на пропис коиј говори за меѓусебната обврска на учесниците на трговскиот караван. Со него, во случај на разбојништво, се надоместува штетата.

осигурување низ историјата

Законикот на Хамураби, несомнено говори за основта и супштината на осигурувањето, односно за надоместокот на штета. Во неговиот код, околу 1754 година п.н.е. стои закон кој зборува за надоместувањето на таа штета. Тој потенцира дека доколку трговец бил нападнат на територијата на Вавлион, власта ќе се погрижи да му ги надомести трошоците.

Развој на идејата и прв чекор кон потрага кон заштита од непредвидливи ризици

Од тука се развила идејата за принципите на заштита од ризик со последователен надоместок кој се добива. Начелата од кодот на погореименуваниот законик се распространиле во тоа античко време. Набргу потоа се развиле и настанале првите осигурителни заедници во Грција околу 800 година п. н.е.

Тие повторно биле поврзани со поморскиот „сообраќај“ во тоа време. Доколку се случела одредена штета, секој член што вложувал одредена сума, добивал оштета.

Денес шансата за непредвидливи ризици е се поголема, па затоа е „убаво кога некој секогаш е на ваша страна“

Свесноста за непредвидливите ризици кај човекот, би поентирале дека датира многу поодамна отолку што сме замислувале. Идејата човек да се заштити од непредвливото и неизвесното, станува постулат за градење на понатамошната визија.

Денес, фуриозното секојдневие, работење и животот, ја зголемуваат шансата за непредвидливи ризици, па затоа е убаво кога некој секогаш е на ваша страна.

Токму тоа е мисијата на СН Осигурителен брокер. Како општетсвено одговорна компанија, секогаш ви нудиме беспрекорен квалитет и услуги, максимална посветеност, прфесионалност и фер однос и најсоодветни осигурителни решенија.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *