Уште едно извонредно издание на фестивалот СИ ДО поддржан од СН Осигурителен Брокер АД Битола

Вечерва бевме сведоци на уште едно извонредно издание на фестивалот СИ ДО.

На сите СИ-ДО 2023 sвездички им честитаме на успешниот настап во Центарот за култура во Битола. Нашите честитки и до организаторот кој успешно ја продолжува СИ ДО традицијата. Таа потврдува дека Битола и битолчани имаат изострено чувство за музика. Исто така имаат и бројни таленти кои допрва ќе ги слушаме на светската музичка сцена.

СН Осигурителен Брокер АД Битола е еден од генералните спонзори на фестивалот. Од тука за изведувачите подготви и пакетчиња со школски прибор кои во наше име ги додели популарниот кловн Заги.

СН Осигурителен Брокер со поддршка за фестивалот СИ ДО – Затоа што младите таленти заслужуваат вистинска поддршка

„Еден од најреномираните детски фестивали во земјата, фестивалот СИ ДО, оваа година одбележува 27 години постоење. Фестивалот стана препознатлив бренд за Битола, а во текот на годините своите музички таленти ги покажале голем број на дечиња. Дел од нив веќе се познати и етаблирани музички имиња во земјава. Уште толку очекуваме да се афирмираат и да запловат во музичките води преку овој фестивал. Затоа чест и задоволство ни е и овој пат да дадеме поддршка на младите музички таленти. Целта е преку најновото фестивалско издание да поддржиме уште еден музички празник во Битола.“-велат од СН Осигурителен брокер АД Битола.

Имено, СИ-ДО фестивалот името го носи во чест на познатиот битолски педагог и композитор Петар Сидовски. Од почетоците па до денеска веќе се етаблираше во значаен двигател на детската песна на македонската музичка сцена.

„Во сите изминати години од фестивалот СИ-ДО имаат излезено многу хитови. Тие се влезени во македонската антологија на детска песна и секое издание на фестивалот е проследено со аудио и видео издание. Низ сите овие години имаат поминато многу генерации на деца. Секоја генерација си има свои хит песнички, повозрасните генерации се сеќаваат на постарите хитови, новите генерации на актуелните хитови. За успешно одржување на фестивалот многу ни значи поддршката од спонзорите за што искрено им се заблагодаруваме. Токму со таа поддршка одржуваме високо ниво на фестивалот по кој Битола е препознатлива.“-вели Дарко Шерденков, директор на фестивалот „СИ-ДО“, заблагодарувајќи се за поддршката од СН Осигурителен брокер АД Битола.

si do festival
festival si do
muzicki festival si do
sn broker so poddrska na festivalot si do

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *