Политика за приватност 2018-11-13T14:19:09+00:00

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола, како осигурително брокерско друштво е посветено на заштитата на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење.

Во оваа политика за приватност се наведени видовите лични податоци кои се примаат и се собираат при користење на веб-страната на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР, како и нивната заштита.

СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР обезбедува заштита на личните податоци на физички лица осигуреници на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР, со кои автоматски или рачно се обработуваат при користење на било кои услуги на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР.

Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб страната значи прифаќање на оваа Политика за приватност. Оваа Политика е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија и интерните акти на Друштвото за регулирање на оваа област.

Оваа Политика на приватност се однесува единствено за заштитата на приватноста на личните податоци при on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини ниту на Вашата посета на другите интернет страници до кои пристапувате преку нашата страница.

Собирање и обработка на Вашите лични податоци

 

Оваа политика се однесува на начинот на кој Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот при посетата/ регистрацијата како и on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата.

СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР собира лични податоци (како име, адреса, телефон, e-mail и друго) само во случај истите да се доброволно дадени од страна на клиентот со поднесувањето на барање или користење на on-line продажба на полиси за осигурување.

Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот со регистрацијата за on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата, преку кои се врши лична идентификација на клиентот. Категории на лични податоци кои клиентот ќе треба да ги внесе при процесот на договарање на осигурувањето односно при процесот на добивање on line полиса за осигурување се следните:

  • име ипрезиме,
  • дата и место нараѓање,
  • единствениот матиченброј,
  • даноченброј,
  • број на лична карта или број напасош,
  • адреса,
  • телефонскиотброј,
  • e-mail адреса, како и дополнителни информациите во врска со Вашето користење на производите и услугите на Друштвото

При on-line купување на полиса, Друштвото ги собира само оние податоци за договарачот на осигурување и осигуреникот, кои се неопходни за склучување на договорот за осигурување согласно со Законот за супервизија на осигурувањето.

Во одредени случаи исто така се запишуваат информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер.

Што се „Cookies“?

„Cookies“ се мали текстуални фајлови, кои се снимаат на Вашиот компјутер заради следење на движењето на Вашиот интернет-пребарувач од страна на интернет-страницата, но не се поврзуваат со Ваши лични податоци што сте ни ги доставиле.

Со помош на ваквите фајлови СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола го следи користењето на страницата и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и да ја унапреди функционалноста на истата.

На интернет-страницата има само таков тип на „Cookies“ што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет-пребарувачот.

Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат „колачињата“. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Промени во политиката за приватност на личните податоци СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница.

Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените. Прифаќање на условите Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност.

Доколку не се согласувате со Политиката, Ве молиме не користете ја интернет- страницата. Вашето континуирано користење на интернет-страницата следејќи ги промените на оваа Политика, ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.

Цели за користење на личните податоци

  • Да ја обезбедиме бараната услуга, односно online купување на полиси за осигурување при што се идентификувакорисникот;

Во случај на електронско плаќање за on-line полиса за осигурување, СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР нема пристап до податоците во врска со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие директно се испраќаат до платежниот процесор на банката преку сигурносна врска помеѓу клиентот и банката, која собирањето, чувањето и обработката на личните податоци на клиентите ја врши согласно законските прописи за заштита на личните податоциво Република Македонија и своите интерни акти со тоа што личните податоцина клиентите не ги задржува, споделува чува или користи за други цели освен за наплата на осигуренатапремија.Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една другацел,освен за целта заради која истите се собрани. Обработката на Вашите лични податоциза друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша предходнасогласност.

Споделување на Вашите лични податоци со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела

 

Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во со закон утврдени случаи. Друштвото не врши пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Македонија.

Доверливост и безбедност

 

Пристапот до Вашите лични податоци во Друштвото е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи.

Заштита и сигурност

 

СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР ги превзема сите технички и организациски мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци

со кои располага, заради спечување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите.

Што се случува доколку не можеме да ги собереме Вашите лични податоци?

 

Доколку не ги добиеме сите податоци кои ни се потребни за Вас, можеби нема да бидеме во можност да Ви ги обезбедиме бараните услуги и/или информации.

Согласност за собирање на личните податоци

 

Со користењето на интернет страницата на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата. Континуираното користење на интернет страницата од Ваша страна следејќи ги измените и дополнувањата на оваа Политика за приватност се смета за Ваше прифаќање на истите.

Кои се Вашите права?

 

Како корисник на нашата интернет страница, имате право врз основа на писмено барање упатено на адреса Димитар Илиевски Мурато бр.5, 7000 Битола или на info@snbroker.mk

  • да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработкаи/или
  • да пристапите до Вашите лични податоции
  • дагидополните,измените,избришетеилидапобаратезапирањенанивната понатамошнаобработка

Контакт

Доколку имате прашања или предлози од областа на заштитата на личните подаотци, можете да не контактирате на следната електронска адреса:info@snbroker.mk или на тел.047 55 33 90.

Електронската адреса од која ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и целата содржина на Вашите барања или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен за одговориме на Вашето барање, прашање односно предлог упатен до нас.

Почитувани кленти Ви благодариме за посетата на нашата интернет страница.