„Успешен си кога си ја сакаш твојата професија!“ – Бурим Јашаровски, дел од тимот на СН Осигурителен брокер

Денес сме на кафе пауза со нашиот колега Бурим Јашаровски, дел од мозаикот на успешната приказна на СН Осигурителен брокер, без кој нашиот тим не би бил сѐ. Имено, Бурим е нашиот вработен во секторот за осигурување на сточен фонд. За неговата работа, нашиот колега ги истакнува придобивките од осигурување на животни: „Животните и домашните миленици, вели Јашаровски, се од непроценливо значење за сопствениците. Ризиците со кои се соочуваме секојдневно и непредвидиливите ситуации се случуваат и кај животните, па тие можат да се разболат, повредат, па дури и угинат. Токму тоа значи непланиран дополнителен трошок за сопствениците, а СН осигуритрелен брокер се грижи околу овие прашања.

Надвор од неговата работа, тој е ентузијаст, креативец и секогаш знае да придонесе со позитивно расположение кое се некако е заразно. Само оние кои добро го познаваат животот, знаат што е добар хумор. За добар почеток на денот, задоволство е да се пие првото утринско кафе со Бурим. Нешто околу другите аспекти на неговата личност, афинитети и навики, низ опуштен разговор си позборувавме со нашиот колега, а разговорот во целост може да го прочитате подолу во текстот.

Бурим, би се опишал ли себе си во два збора на работното место и надвор од него?

БУРИМ: Колегијален, исполнет.

Што е она нешто кое го релаксира Бурим после работа?

БУРИМ: Уживам да возам велосипед. Тоа е она нешто што знае да ме опушти. Мислам дека човек мора да има свое хоби и нешто кое комплетно ќе го релаксира и ќе го натера да „излези“ надвор од секојдневието. Последиците се секогаш позитивно расположение, поголема концентрација и елан за понатамошно извршување на приватните и работните обврски.

osiguruvanje zivotni - tim

Малкумина сакаат да зборуваат за конкуренцијата. Зошто е тоа така и дали конкуренцијата според тебе е здрава?

БУРИМ: Според мене, конкуренцијата е и тоа како важна и здрава во секој случај. Но, сепак би рекол дека таа личност што има победнички дух, не гледа често во конкуренцијата.

Зборувајќи за уживањето и радоста која ја носи утрото, пладнето… денот, на нашето прашање поврзано со храната и хедонизмот, Бурим веднаш имаше одговор:
Хедонист и гурман во секој случај, но не знам ништо да приготвам.

За да бидеме успешни, прво нешто што треба да направиме е да се вљубиме во нашата кариера. Вербата во фактот дека го работиме она што го сакаме, е само на чекор до постигнување на целта. А токму тоа се случува во нашата СН приказна. Амбиција, позитивна енергија и постојана мотивација и верба која не носи до позицијата на лидер.

Пристапот кон осигурување животни е нешто кое би требало да биде „задолжителна“ одговорност на сопственикот, а Бурим е одговорен кон својата работа и кон исполнувањето на барањата на клиентот.

Бурим Јашаровски

Сектор: Осигурување на животни
ДИРЕКЦИЈА
Улица: ул.Михаил Апостолски Дончо
Телефонски број: +389 78 496 967
www.snbroker.mk

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *