ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ

Домашните миленици и другите животни се од непроценлива вредност за сопствениците. Осигурете ги во случај на незгода или болест.
И покрај големата грижа, животните можат да се разболат, да се повредат, па дури и да угинат. Тоа може да значи дополнителен непланиран трошок, затоа погрижете се за осигурување на животните.

КОИ ЖИВОТНИ МОЖЕ ДА ГИ ОСИГУРАТЕ?

• Копитари;
• Говеда;
• Свињи;
• Ситна стока (овци и кози);
• Пердувести животни;
• Мали месојади животни (мачки и кучиња);
• Пчели;
• Риби;
• Егзотични животни.

За склучување на осигурување потребно е:
Животните да бидат здрави и сопственикот да ги осигури сите животни од ист вид со иста намена за одгледување.

ОД КОИ ОПАСНОСТИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ОСИГУРАТЕ ЖИВОТНИТЕ?

• Смрт од болест
• Смрт од несреќен случај