„За мене, HR е срцето на секоја организација“ – Интервју со Маја Митревска, менаџер за човечки ресурси во СН Осигурителен брокер!

Од идеја до реализација. Од креатива до исполнета мисија која секогаш стои во услуга на клиентот. Една визија и очекување кое стана компанија што денес е лидер во пазарот на осигурување во Македонија. СН Осигурителен брокер е успешна приказна зад која стои одличен тим кој ја креира. Овој Петок, утрински на кафе муабет на бирото на Маја Митревска – HR (Human Resources Manager) или менаџер за човечки ресурси во СН Осигурителен брокер АД Битола.

Именo, Митревска е незаменлив дел од нашето СН семејство. Секогаш ведра, динамична, со свежа и позитивна заразна енергија. Маја е креативец со нови идеи кои совршено знае да ги имплементира во мозаикот.

Нејзиниот професионален пристап, стручност, одговорност и комплетен фер однос и грижа кон вработените, потврдува дека лидерите на човечки ресурси можат масовно да влијаат на компаниите за кои тие работат. Во случајот, Маја е нашиот HR, а позитивните резултати се одраз на експертизата и балансираното работење во нашата компанија.

Како започнува денот на еден менаџер за човечки ресурси?

МАЈА: Кафе, пенкало и планер. Секој поинаков од претходниот, но секогаш динамичен. Генерално би рекла регрутација, вовед на вработени, изработка на плата, реализација на обуки и евалуации, грижа за компаниска култура, оној помалку возбудлив административен дел, статистички податоци итн.

менаџер за човечки ресури
Маја Митревска

Која е придобивката на твојата професија?  

МАЈА: Работата со луѓе, динамична и креативна работа. Задоволни лица , среќни, исполнети и  реализирани вработени.

Со кои предизвици се соочуваш во работата?

МАЈА: За мене, HR е срцето на секоја организација. Многу добро е кажано дека колку што водата го одржува животот, така и функцијата на HR, игра улога во помагањето да се одржи здравјето на една организација. Да се изградиш како HR професионалец во македонска компанија и самостојно да ги воспоставиш сите HR процеси и процедури, а HR менаџерот да биде сфатен како стратешки бизнис партнер на сите сектори и на извршните директори, особено кога се носат одлуки поврзани за вработените.

А потоа? Која е Маја и што те очекува после работното време?

МАЈА: После 16 часот уште подинамична работа со моите две дечиња од кои секојдневно учам колку среќата е скриена во малите нешта. Колку една невина и искрена насмевка може да помести планина.

Што е Маја , а што посакува да биде ?

МАЈА: Верувам дека човек не може да искачи планина со рацете во џеб. Но, освен тоа и позитивната мисла и верувањето дека ќе стигниме до врвот е она што не одржува во кондиција. Затоа би рекла дека стремам да бидам реализирана на професионално и приватно поле. Маја посакува да биде среќна и исполнета со желба за натамошни кариерни надоградувања. И да, без рацете во џеб! 🙂

Што е потребно за успех и во кое поле ти мислиш дека си најуспешна?

МАЈА: Трпение и истрајност , слух за потребите на другите и балансирање. Сметам дека трпението е релевантно за успех на секое поле. Како на деловен план, така и на приватен. Истрајноста и слухот кон она што ти го кажуваат соговорниците е онаа „битка“ од која могумина бегаат, ја апстрахираат… Зборувам битка, затоа што некои ја разбираат какоп таква. Живот како трка, како натпревар, како борба. Дали треба да го разбвереме како таков, тоа е прашање на вкус и лично видување. За човек да постапи правилно, треба да ја знае конкретната реалност, цел, а токму во реплика која навидум звучи неважно, може да се крие клучот за градење на големи нешта и успех.

Што те релаксира?

МАЈА: Дружбата со моето семејство и моите пријатели е празник за мене и мојата душа. Ме смирува убавиот свет. Убавата страна и мигот кога ќе го отвориш прозорецот и ќе го видиш пејсажот што ти одзема здив, а не пајажината во аголот. Ме релаксираат позитивни и насмеани лица.

Да си дел од семејството на СН Осигурителен брокер е привилегија. Отворената комуникација, доблеста, хуманиот однос и соработката од колегите ја праваат нашата приказна комплетна, со ветување кое гарантира надоградувања и уште поголеми успеси на пазарот на осигурувањето.

Маја Митревска

Сектор: Општи и правни работи

Позиција: Менаџер за човечки ресурси

Улица: ул.Михаил Апостолски Дончо 7 – Битола

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *