Ученици од СОУ „Таки Даскало“ Битола на практична настава во СН Групација

Како општествено одговорна компанија и компанија која што го почитува и вреднува потенцијалот на младите, СН Групација ги отвори вратите за одржување на практичната настава на учениците од СОУ „Таки Даскало“ Битола.

На учениците им беше овозможено да се запознаат со работата на СН Сообраќаен центар Битола. Токму тука се наоѓа една од најмодерните станици за технички преглед во Македонија. Средношколците, воедно се запознаа и со важноста на услугите кои ги нуди СН Осигурителен Брокер АД Битола и СН Групација.

Во воведниот дел од наставата, Благица Сековска го презентира референтскиот административен дел за вршењето на регистрација и други одредени услуги кои ги нуди нашиот центар. Сековска го потенцира нашиот приоритет кој стреми кон сѐ поголема безбедност во сообраќајот посочувајќи го тоа како пример кој треба да го следат сите генерации.

СН Групација.

-Техничкиот преглед, како и навремените и редовни проверки на возилата се од клучно значење за безбедноста во сообраќајот! – истакна Благица и ги објасни нашите услуги.

На учениците, понатаму во практичниот дел, им беше појаснето што нудат и што значат потребните документации околу продолжувањето на регистрацијата на возилото. Се акцентира и објасни што значат термините како хомологација, ЦЕМТ, А-тест. Се напоменаа меѓународните патни документи, тахографски картички… Како и потврдата за исполнување на техничко-експлоатациони услови (ПТЕУ), воедно услуги кои ги нуди нашиот центар.

СН Групација.

Меѓу другото, се објасни задолжителноста на поседувањето на одредените документи. Воедно, се напомена и законската обврска и регулатива за поседување на зелен картон, кој на возачите им е потребен за патување во странство. Нагласена беше и потребата од каско осигурување за возилото, како и неопходноста на поседувањето на меѓународна возачка дозвола.

Понатаму, во склоп на просториите на СН Технички преглед, нашиот колега Владо Петроски практично го објасни целосниот процес за техничкиот преглед. За преглед и проверката за исправноста на возилото. Како се извршува целата постапка, од каде сѐ започнува и кои се клучните параметри.

СН Групација.
-Ова е динамична професија. Дизајнот на автомобилите, нивните делови, моторот, не остануваат исти. Важно е будно да се следат светските трендови, затоа што технологијата се менува многу брзо. Постојано има иновации и нешто кое ќе ве интересира и нешто ново кое ќе го научите. Токму затоа, оваа професија е интересна и возбудлива. – Нагласи Владо Петроски поздравувајќи ги според нас, идните колеги.

Практичната настава продолжи во СН Центар за моторни возила, дел од СН Групација. Таму на лице место, учениците се запознаа и со работата на нашите професионалци. Како идни стручни лица од оваа област, тие со голем интерес се фокусираа на предавањето на Димитриус Пападимитриу. Димитриус преку реален пример, зборуваше околу важноста за навремената дијагностика на подвозјето на возилото.

Високо обучениот тим на СН центар за Моторни возила, презентира како се грижи за комплетната нега за возилата. Практикантите ги запозна со автомеханичарскиот сервис и со бројните услуги. 

СН Групацијата го поздрави изборот на средношколците што се одлучиле да го насочат своето образование во оваа област и продолжува да ги поддржува, бодри и подучува младите кои смело и одговорно стремат кон понатамошен успешен кариерен развој во оваа област.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *