Осигурување: Заштита и инвестиција во времето

„Не дозволувајте да изгледа дека живеевте беспотребно!“ Осигурувањето како алатка за заштита и инвестиција во вашето време

Со централно внимание кон еден од плејадата од цитати, кој го сретнавме на интернет, поттикнати сме кон уште една тема поврзана со нашата област и конечно, со осигурувањето. Во контекстот зборуваме како истото може да значи заштита и инвестиција, токму кон вашето време. Со цел да ја подигнеме свеста околу најзначајното нешто, се надоврзуваме на мислата и она што истата претендира, можеби по малку меѓу редови.

заштита и инвестиција
zastita i investicija

Животот е најскапоценото нешто кое го имаме. А во ова динамично време постојано некаде брзаме, нешто бараме, се „бркаме“ со часовите, тајмингот, настаните, обврските. Притисок за извршување на семејните обврски, притисок за завршување на работните обврски.

Но, дали сами го создаваме тој притисок и колку всушност го цениме тоа време?

Понекогаш несакајќи или не, изгледа како да тенденциозно конструираме слика од себе си која е далеку од релевантната претстава кон она кое стремиме да бидеме и да го постигнеме. Дали треба да изгледа дека сме живееле беспотребно и што е важно во нашето секојдневие? …Или што е она што го пропуштаме?

…И иако изгледа дека живееме, понекогаш преживуваме.

Се должи ли сето тоа на недоволниот фокус кон заштитата на она што го градиме? Оттука, осигурувањето ви дозволува да живеете безгрижно, да го намалите ризикот за да погоренаведениот цитат навистина се случи. Осигурувањето е вашиот идеален партнер кон креација на светла иднина и претставува една цврста одлука што ќе го намали стресот. Инвестирајте во она што го сакате и кон она кое сакате да го постигнете. Ако имаме правилен фокус кон плановите, ќе знаеме дека постои ризик за истите да се случат. Што тогаш?

Последиците од немили настани можат да бидат фатални, а финансиската нестабилност исто така се нивниот костим кој сурово може да го попречи патот. Не дозволувајте тие да ве скршат и намалете го емотивниот стрес, финансискиот можен распад и секогаш имајте на ум дека осигурувањето е инвестиција што нема да дозволи да изгледа дека сте живееле беспотребно.

заштита и инвестиција
zastita i investicija

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *