Упорност значи постојно учење и вложување во себе! – Јане Стеваноски, информатичар во СН Осигурителен брокер

Петок наутро. Седум часот и четириесет и пет минути. Јане е на своето биро, занесен во својот компјутер и веќе започнал со работа.

-Кафе?

– Не благодарам, веќе го испив.

Вака започнува секое утро кое зборува за одговоноста и љубовта кон професијата информатичар. Разговараме со Јане Стеваноски, значаен дел од тимот на СН Осигурителен брокер. СН семејство без кого навистина не се може. Љубопитен за нови искуства, човек кој едвај чека да започне со новиот работен ден, да создаде нешто ново, да креира, да помогне. Да се насмевне со позитивна мисла која срдечно ја споделува со целиот колегиум.

Јане кажи ни нешто повеќе околу твојата професија? Што значи да си информатичар во СН Осигурителен брокер?

Јас сум дел од ИТ Сектор. Работам графички дизајн, техничка поддршка. Заедно со тимот одржувам социјални мрежи, SEO Оptimization… Морам да кажам дека навистина сум се родил под среќна ѕвезда поради фактот што сум дел од оваа СН приказна. Но, процесот не застанува тука. Постојано учам, се надоградувам. Подготвен сум за нови предизвици. Тоа е составен дел од мојата професија. Константното следење на трендовите, алгоритмите. Има нешто интересно кога ќе „заглавиш“ во некој проблем и заедно со тимот го бараш решението. А веќе кога ќе го најдеш…Е токму тоа е вистинско задоволство. Затоа што по патот осознаваш и учиш, а тоа е само уште еден чекор кон успехот.

тимот на СН Осигурителен брокер

Толерантен или…?

Секогаш толерантен. Не можеме сите сѐ да знаеме и мораме да соработуваме. Секогаш сум тука да помогнам, објаснам или прашам и научам. Важно е да сме трпеливи и таа е една многу моќна алатка за да еден тим биде успешен.

Има ли хоби Стеваноски и кој е надвор од канцеларијата?

Имам. Риболов. Мислам дека тоа е моето место за опуштање. Место каде ги полнам батериите и сум подготвен да продолжам понатаму. Инаку надвор од канцеларијата и процесот на работа, максимално го користам моето време да со семејството. Обожавам прошетки надвор од градот и сакам да инвестирам во патувања со пријателите.

patuvanja

Јане што е потребно за успех?

Многу воља, надеж, упорност, ама пред сѐ учење!

СН Осигурителен брокер, компанија која постојано вложува во своите вработени, создава квалитетен кадар кој стреми кон иновативни решенија и тим кој е секогаш присутен да ги исполни барањата на клиентот.

Јане Стеваноски – информатичар – ИТ Сектор, СН Осигурителен брокер

Улица: ул.Михаил Апостолски Дончо 7 – Битола, Дирекција