Бронзената скулптура на бикот на Волстрит – Приказна за моќта, непокорливоста и грижата

Бикот на Волстрит-Приказна за моќта и грижата

Едно од најфотографираните места во Њујорк е маестралното дело, скулптурата на бестрашниот бик. Позициониран на Волстрит, најпознатата улица во светот, бикот има голема историја. Секако зад истата стојат и бројни легенди, приказни и верувања. Една од нив раскажува за моќната асоцијација што зборува за „грижата на бикот“ за американскиот народ.

Чиј потпис стои зад ова грандиозно дело

Имено, едно е сигурно. Ова грандиозно дело е потпишано од страна на уметникот Артуро Ди Модика. Што се однесува до поставувањето на скулптурата, се вели дека истата, уметникот ја поставил веднаш после под новогодишната елка на самата улица. Сетоа тоа се случило после големиот пад на американската берза во 1989 година. Инаку, Модика сакал бикот да се сфати како божиќен подарок со силна асоцијација. Пораката била јасна: Бикот да ја слави решителноста и духот на американскиот народ! Истовремено асоцира дека е тука да се посвети кон него, кон оние кои стремат кон успех и да сведочи за бодрењето и грижата кон својот народ.

Артуро Ди Модика, уметникот кој ја создаде скулптурата на бикот на Волстрит

ДИ Модика имено вложил сопствени пари (360 000 долари), за да ја дооформи скулптурата. Причината била што уметникот чувствувал одговорност кон Америка и сакал на некој начин да ѝ се оддолжи за тоа што таа го примила во свои закрила како италијанец. Така, Артуро илегално со камион го поставил бикот пред њујоршката берза.

Можеби, токму затоа, првенствено, се сфаќа дека бакарниот лик на моќното животно на Волстрит, е симбол на „сила и храброст“, што значи дека додека е таму, берзата ќе може да го одржува пазарот засекогаш. Скулптурата е висока 3,4 метри, долга 4,9 метри и тежи 3.200 килограми. Таа покажува разјарен бик, подготвен да нападне и со изгледот оддава израз на моќ и сила.

Поставената скулптура на Бестрашна девојка до некаде го уништи „концептот на бикот“

скулптура Бестрашна девојка

Но, како поминува времето, така се менуваат нештата и можеби до некаде настанува конфузија. Барем за уметникот. Така, наспроти бикот во 2017 година беше поставена скулптура на Бестрашна девојка како симбол на родова еднаквост. Според многумина, а и според покојниот уметник, ова беше голема грешка. Причината е што бикот, од нешто кое симболизираше позитивна моќ, храброст, надеж и борба, премина во нешто негативно кое комплетно се „одвои“ од она што сакаше да го искаже околу грижата за својот народ. Бикот на Волстрит одеднаш премина во агресор со антитеза за пораките.Откако полицијата ја запленила скулптурата, јавноста негодувала и градскиот сектор за паркови ja реинсталирал скулптурата неколку дена подоцна на локацијата каде што се наоѓа до денес.

Уште еден интересен податок поврзан со бикот и неговата порака како поим, е она што на Волстрит константно се зборува. Имено станува збор за изразите „мечката и бикот“. Како што откривме од интернет истражувањата, кога владее мечката, тоа значи дека цените паѓаат. Кога владее БИКОТ пак, тоа значи дека цените на акциите растат.