Се додека не ни затреба, осигурувањето е она нешто кое за жал, го забораваме!

Се додека не ни затреба, осигурувањето е она нешто кое го забораваме!

На прв поглед осигурувањето ни изгледа како нешто ирелевантно, незначајно. Секако дека го знаеме како поим и сме слушнале за неговото постоење. Но, наместо да го ставиме во приоритетна листа, сѐ некако го одложуваме. За жал, преголемото нагласување за неговата важност, се сфаќа како агресивна „продажба“ и реклама на одреден навидум „безначаен“ производ кој со неправилен пристап и „наметливост“, се сфаќа како нешто што треба да се избегнува, а не да се прифати и доближи до човекот. Пристапот на агентот, кон презентецијата на осигурувањето, не смее да биде принудувачки со нагласок на напорно настојување и непријатен притисок. Актуелизирањето на ваквиот „проблем“ и неправилниот пристап, барем во нашата земја, извесно време ја пренасочуваше важноста на осигрувањето во нешто кое за жал, се восприема како неважно.

Што всушност е тоа и колку е развиена свеста околу неговата важност?

Убаво е да мислиме дека среќата е на наша страна. Убаво е да ја оттргнеме мислата дека нешто лошо може да ни се случи. Но, мора да сфатиме дека ризиците се составен дел од животот и непредвидливите моменти може да не стигнат. Во тој контекст, следејќи ги позитивните мисли, мантри и верувања дека светот е наклонет кон нас, приоритетно е да се насочиме кон градење на тие позитивни афирмации, но неопходно е да разбереме од што тие се добиваат. Токму тука се акцентира фактот и знаењето дека го имаме обезбедно нашиот живот. Осигурувањето е она што носи чувство на безбедност и мир на умот. А тоа се постигнува само со развивање на свеста околу поимот.

Нудење на осигурувањето

Не би требало да чекаме да се случи нешто лошо за да го освестиме поимот осигурување!

Сфаќањето дека градиме ѕид околу нашиот живот, имот смејство, здравје, значи дека градиме комплетна заштита и го чуваме она што го сакаме и она што навистина ни значи.

Различните видови на осигурувања нудат различна заштита и спокојство. И без да размислуваме околу финансиските последователни трошоци или големиот финансиски багаж, кој евидентно би се истакнал како негативен фидбек од несаканите ситуации, можеме спокојно да го живееме нашиот живот, без никаков притисок и страв.

Осигурувањето е инвестиција. Не е трошок, туку начин да го заштитиме сето она што го сакаме!

СН Осигурителен брокер е одговорен кон својата работа и кон сето она што го нуди. Со стратегија на умерен, одржлив и стабилен раст на долг рок, ставајќи го во фокус клиентот, СН Осигурителен брокер, континуирано ја обезбедува својата водечка позиција како лидер на пазарот на осигурувањето. Со кохерентност на нашиот тим , посветени сме кон целосна поддршка кон клиентот, неговите барања и стоиме како негов стабилен партнер.  

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *