Социјалните норми за професионално однесување во деловниот свет – Грижата за клиентот се препознава и преку основниот бонтон

Бонтонот и грижата на агентот за осигурување кон клиентот

Социјалните норми за однесувањето на личен и професионален план се менуваат. Но, сепак базичниот бонтон секогаш останува како фундамент кој ја пресликува грижата на еден човек од деловниот свет кон клиентот. Важно е да се забележе дека било кој бизнис е поврзан со луѓе. Иако, за жал понекогаш тоа се заборава. Гледајќи со очите на клиентот како перцепиент за она што му се презентира како продукт, би сакале да имаме комуникација со некој кој гради високи стандарди во однос на професионалното однесување.

Етиката, професионалното однесување и комуникацијата со клиентот, како и со тимот, се основите. Основни правила за тоа како првенствено треба да изгледа еден човек во деловниот свет. Во нашиот случај, зборуваме за правилниот однос, бонтонот и грижата на агентот за осигурување кон клиентите. Што сѐ треба да поседува, како треба да се претстави и каков однос треба да гради, за последователно клиентот да ја почувствува грижата и комплетната псветеност од негова страна. Најпрво, во прашање е бонтонот.

Професионалност

Еден агент за осигурување треба да ги почитува и следи законските одредби и регулативи поврзани со осигурувањето.

Презентација

Наметливоста и создавањето притисок, не смеат да бидат дел од однесувањето. Наместо тоа, искрениот и фер однос на агентот за осигурување, се пронаоѓаат во дефиницијата за она што се нарекува етичка култура. За воспоставување на квалитетен однос, тој треба да ги објасни разбирливо и јасно деталите и условите кои се поврзани со конкретното осигурување за кое е заинтересиран клиентот.

Грижата кон клиентот на агентот за осигурување

Доверливост

Воспоставувањето фер однос, доведува до чувство на заштита и безбедност. Клиентот ќе ја почувствува грижата и наклонетоста од оној кој го информира. Еден агент во тој поглед, треба да биде доверлив и дискретен. Истото, би значело строго доверливо чување на личните податоци и информации на клиентот.

Да споделува совети и искуства

Советите се неминовни и агентот за осигурување треба да ги препорача најдобрите можни опции и пакети кои би му одговарале на клиентот, како и да ги сподели искуствата. Во истиот контекст, тој ги објаснува предностите и ограничувањата на секоја понуда, секако избегнувајќи го дополнителниот притисок.

СН Осигурителен брокер секогаш ги исполнува желбите на клиентот. Ја оправдува довербата, со мисија да креира стабилни односи. Грижата околу вашиот живот е наша обврска, а стремежот кон правилен, фер и доверлив однос е наша обврска.