КАКО ДА ИЗБЕРАМ ОСИГУРУВАЊЕ СО КОЕ НАЈДОБРО ЌЕ ГИ ЗАШТИТАМ СЕМЕЈСТВОТО И ИМОТОТ?

Животот е исполнет со бројни предизвици и ризици. Дел од нив не можат да се предвидат, но можат да се намалат економските штети од несаканите настани.

Даниел Паришко, раководител на секторот за прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола објаснува од кои критериуми осигурениците треба да се водат за да направат најсоодветен избор на осигурување.

– Како осигуреникот да избере осигурување кое најсоодветно одговара на неговите потреби? Паришко: При изборот на осигурување најдобро е да се консултирате со лиценциран брокер, кој согласно Вашите потреби ќе Ви понуди најдобра опција и ќе Ви изработи полиса која ќе ги задоволи Вашите барања.

При изборот на осигурување важно е дефинирање на ризиците кои ќе бидат покриени во полисата за осигурување, како и изборот на најдобра осигурителна компанија со финансиска стабилност и исплата на штети. -Дали може со еден пакет да се обезбеди осигурување и на семејството и на имотот?

Паришко: Домот е место каде што сите ние треба да се чуствуваме спокојни. За таа цел во 2019 година го креиравме најсеопфатниот пакет за осигурување на имотот и членовите на семејството СН ДОМ. Пакетот покрива 18 ризици, што е рекорден број за еден пакет за домаќинско осигурување, започнувајќи од пожар, удар од гром, експлозија, град, луња, поплава од внатрешни инсталации, паѓање на воздушни летала, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, провална кражба и разбојништво, кршење на стакла во домот, осигурување од незгода на сите членови во семејството, приватна одговорност итн…

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *