Петок, утро и кафе. Ве запознаваме со нашиот тим и колегите кои се наоѓаат во нашата експозитура Струга на СН Осигурителен Брокер
Склоп на околности, денес не можевме да бидеме во местото од кое со гордост кажуваме дека е зародиш на македонската уметност, култура, единство. Во инспиративната Струга, СН Осигурителен Брокер со своја експозитура во која се наоѓа нашата колешка Марија Кукоски.
Кукоски е референт за продажба во компанијата и како дел од тимот, таа е амбициозна, постојано не мотивира. За нејзиниот искрен и фер однос, освен нас, зборуваат и резултатите и позитивниот фидбек и од клиентите. Токму во оваа наша амбициозна приказна се вклопува Марија.
…И само што ја кренавме слушалката, Марија ни претстави едно прекрасно утро во Струга. Со кафе покрај Дрим, ни откри колку му се восхитува во овој град и колку се инспирира за тековните обврски.
„Има посебна магија во ова место. – ни раскажа Марија – Како човек што доаѓа од конзулска Битола, од град на културата и уметноста, би рекла дека уште повеќе уметност не би била на одмет. Струга сама по себе е уметност. Некако ме инспирира и работните обврски стануваат лесни кога денот го започнуваш со силно кафе и позитивна енергија. Уште на самиот почеток, заедно со колегите, пред да направиме план за она што понатаму ќе се случува во денот, си повторуваме дека можеме и токму денес е ТОЈ ден. И така е секој ден. Упорноста е најголемиот квалитет на оние кои ја постигнале целта. Тие едноставно одбиваат да се откажат. Токму тоа се случува и со нашиот тим. Тоа е моето мото.
Марија што мислиш за свеста околу она што ние сакаме да го потенцираме како значајно за граѓаните? Што мислиш за свеста околу осигурувањето? Колку таа се развива во нашата земја?
Самите податоци зборуваат. Забележан е позитивен раст и трендот околу ова прашање се движи кон нагорна линија. Тоа навистина ме радува, затоа што граѓаните се свестуваат за ризикот. Така, колку и да е убаво ова утринско кафе и колку да ни дава позитивна енергија и не мотивира, мора да бидеме свесни за непланираните последици кои секако се можни.
Имено, соред мене, еден професионален работник во својата област, треба да знае што нуди. Да е свесен најпрво самиот тој. Да знае што значи одговорност кон себе си и својот живот, а потоа едноставно да ја пренесе таа информација. Сметам дека тоа не е убедување, тоа е реална ситуација и непланирано нешто што може да му се случи секому. Ние, како компанија постојано апелираме дека осигурувањето е нешто кое ќе ве ослободи од грижата околу последователните финансиски и емотивни последици. Така што, ова утро ќе биде уште поубаво доколку ја разбудиме свеста. Затоа што фактот дека е некој секогаш на наша страна, не мотивира уште повеќе да постигнеме.
Што се случува откако ќе ја напуштиш канцеларијата или нашата експозитура во Струга на СН Осигурителен Брокер? Што сакаш, што те опушта и која мисла те води кон животот?
Јас сум сопруга и мајка на две деца. Се разбира, семејството ми е на прво место и она што е најважно е да го заштитам. Ако би започнале од разгледувањето кон сопствениот профил и аспекти, тогаш е многу полесно да живееме понатаму. Треба да знаеме што сакаме. Јас знам.
Имено сакам патувања и постојано се инспирирам од видеа на социјалните мрежи кои прикажуваат одредени туристички дестинации што секако стојат во мојата агенда.
За крај, што би потенцирала што би ни открило како се вклопи во оваа приказна?
Приказната да сум дел од експозитурата во Струга на СН Осигурителен Брокер, ми се случи ненадејно. Тоа е знак дека нештата се случуваат без да ги планираме. Сега знам дека сум на правилното место со тим кој навистина ме мотивира. Така уште еднаш би нагласила: „Упорноста е најголемиот квалитет на оние кои ја постигнале целта. Тие едноставно одбиваат да се откажат!“
Ја затвориме слушалката и си ветивме дека наредниот пат, ќе зборуваме околу обврските со кафе покрај Дрим.
Марија Кукоски – Референт за продажба
Експозитура Струга 1
Улица: „Кеј 8 Ноември“ 17/1/Ц