Расте интересот за сите видови осигурување кај граѓаните

Евидентно расте интересот на прашањето околу осигурување то кај граѓаните споредбено со ланскиот август

Грижата околу вашиот живот, здравје, грижата за вас и вашите најмили, за сѐ она што сте го граделе и постигнале, грижата при патување и грижата околу фактот дека ризикот за жал е неминовен дел од секојдневието, е примарниот фокус кој еден човек треба да го има. Конструирањето на иднина во која ќе бидете ослободени од целиот финансиски и емотивен товар кој може да се случи како последица од извесен ризик, во себе го опфаќа осигурувањето како основа и темел. Според податоците се повеќе граѓани се заинтересирани околу важноста на осигурувањето, а во тој контекст еве што зборуваат резултатите. Важно е што сте изградиле, а важно е и каков товар ќе оставите зад себе! Расте интересот за сите видови осигурување кај граѓаните

Агенцијата за супервизија достави прелиминарни податоци од сите 11 компании за неживотно осигурување.

Истите покажуваат дека во август, осигурителните компании за неживотно осигурување исплатиле вкупно 312,5 милиони денари или 5,1 милион евра и надоместиле повеќе од 9.800 штети. Се нагласува фактот дека во споредба со месец август од минатата година, осигурениците наплатиле 22 насто повеќе – 57,3 милиони денари (над 930 илјади евра).

Голем дел од исплатата, се однесува на медицински трошоци. Сопственици на моторни возила, од штетите покриени со каско осигурување наплатиле над еден милиони евра. Обештетување добиле од 100 000 евра повеќе од 500 лица и тоа во доменот на патничко осигурување кое го акцентира осигурувањето кое е потребно за патување во странство.

Споредувајќи го истиот месец со август од 2022 година, состојбата покажува дека расте интересот. Расте и свеста околу прашањето поврзано со осигурување. Во однос на споредбата и состојбата од пред една година, забележан во овој месец е раст кај каско осигурувањето. Истото, се однесува на моторни возила, а резултатите зборуваат за евидентниот раст и во однос на приватното здравствено осигурување.

Имено, и на нашата веб страна е објаснето:

„Каско полисата се однесува исклучиво на вашето возило и ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода. Незгода во која вие сте причинителот на штетата. Како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување.“

ratse svesta okolu kasko osiguruvanje расте свеста околу каско осигурување

Имајќи го во предвид ризикот кој е неминовен и се случува без разлика на сѐ и каско осигурувањето се повеќе граѓани го разбираат како релевантно. Така, според резултатите од АСО, сопствениците на моторни возила, за осигурени штети покриени со каско осигурување наплатиле 1,03 милиони евра или 63,4 милиони денари. Што претставува надминување од 58 насто.

Со приватното здравствено осигурување се опфатени медицински трошоци. Така од АСО известуваат. На осигурениците во август, им биле исплатени повеќе од 733 илјади евра или 45,1 милион денари. 56 проценти е бројката која го покажува растот во овој дел.

Од штетите врз осигуран имот пак, осигурениците наплатиле 345 илјади евра/21,2 милиони денари.

На осигурениците им се даде исплата од над 100 илјади евра или 6,3 милиони денари за патничко осигурување кое покрива штети при летување во странство. Истото, е израз на зголемувањето околу свеста и во овој поглед. Проценките покажуваат дека тоа е за 17 проценти повеќе во споредба со август од минатата година.

Како најголема осигурителна класа, се покажува задолжителното законско осигурување од автомобилска одговорност. Тука е истакнат, забележан, најзначителен и најголем износ на исплатени штети. Во месецот кој го потенцираме, исплатени се 2,5 милиони евра или 153,8 милиони денари. Фокусот е кон зголемувањето на свеста околу ова прашање кое е интересант на осигурителниот пазар. Во контекстот, се забележани 17 насто повеќе од ланскиот месец.

СН Осигурителен Брокер продолжува да го следи своето мото и да е секогаш на ваша страна. Со претензија да ја зголеми свеста околу осигурувањето кај граѓаните, се грижиме околу вашиот живот. Околу вашите потреби и ги исплаќаме штетите кај нашите осигуреници. Нашата компанија го следи трендот на раст на осигурувањето и континуирано работи на извршување на своите обврски кои ги исполнуваат барањата на клиентот.