Податоците покажуваат: Во Македонија продолжува трендот на раст на осигурителниот пазар

Податоците покажуваат дека во Македонија продолжува трендот на раст на осигурителниот пазар. Станува збор за пресметани 14 % повеќе од лани. Имено, граѓаните во првите шест месеци уплатиле 120 милиони евра во сите класи осигурување.

Во Македонија, според набљудувањата, се забележа континуиран раст на осигурителниот пазар. До Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), во првите шест месеци во 2023, беа доставени податоци од сите 11 осигурителни компании.

Во сите класи осигурување, вкупниот износ на бруто полисираната премија изнесува околу 7,4 милијарди денари или 120 милиони евра. Токму тоа зборува за споредбата со ланската година и за тие 14 % повеќе во однос со неа. Статистиките, докажуваат за токму тој раст на осигурителниот пазар.

Кога акцентот го ставаме на неживотните осигурувања, според пресметките, податоците велат дека бруто полисираната премија расти за 15,2%, околу 101 милион евра. Споредбено, во животното осигурување, од страна на граѓаните, во првите шест месеци, се уплатени вкупно 19 милиони евра и е забележан евидентен раст од 7, 9 %.

Податоците зборуваат и за пресметаниот раст и вложувањето од страна на граѓаните во осигурување имот. За зголемувањето на свеста околу ова прашање, „дискутира“ првото полугодие. Таму е забележан раст на премијата 14, 6 %. Додека кај моторните возила од 10,3%, со тоа што кај типот каско моторни возила растот е позначителен, од 18,25%.

Се разбира летната сезона беше една од причините за пристап кон осигурување. Во однос на тоа, во тек на сезоната и летните одмори, се регистрирани речиси 80.000 граѓани. Тие само во текот на јули купиле патничко осигурување.

Истото, говори дека граѓаните ја сфаќаат важноста на овој тип на осигурување, со што претенциозноста да се прифати гаранцијата за безбедно и безгрижно патување кое се овозможува со осигурувањето, расти како круцијален дел од фактот дека осигурувањето претставува инвестиција, а не трошок. Во периодот на понудите за патничко осигурување, ке ги штити граѓаните од непосакувани ризици кои демнат на патот, при патување во странство, според ACO, граѓаните вложиле над 42 милиони денари (685.000 евра).

расти заинтересираноста околу патничкото осигурување во СН Осигурителен Брокер

Фактите зборуваат за значителниот раст во споредба со месец јули од минатата година. Инвестицијата и вложувањата во истото патничко осигурување во Јули 2023 пораснале за над 6 милиони денари (107.000 евра). Имено, лицата кои го купиле овој тип на осигурување, е зголемен за 9 отсто.

Фирмите, институциите и граѓаните, во сите 18 класи кои припаѓаат на неживотното осигурување вложиле 1,14 милијарди денари (18,6 мил. евра). Доколку се анализира споредбата на месец јули од оваа година, со претходниот месец од истата, може да се рече дека можеби продажбата е намалена за 6 отсто, но во споредба со месец јули од претходната година, продажбата за 16 отсто е зголемена.

Исто така продолжува и трендот на растење на вклучени договори за осигурување. Интересот за осигурувањето е во нагорна линија и од аспект на пресметаните бројки, во јули, бројот на склучени договори, надминува 238.000 и пораснал за 8 отсто споредбено со истиот лански месец.

Освртот околу зголемената свест околу осигурувањето од страна на граѓаните се концентрира и кон доброволните осигурувања. Од нив, најголемо учество во продажбата има осигурувањето имот и изнесува 2,5 мил.евра, (154,3 милиони денари).

продолжува трендот на раст на осигурителниот пазар

Немилите настани се секогаш составен дел од животот. За жал ризиците се присутни во секојдневието, па шансата тие да се случат, сѐ повеќе се зголемува. При комплетната грижа околу него и немилите настани кои можат да се случат, граѓаните ги разгледаа и сите поволности на каско осигурувањето. Во тој контекст, во каско осигурувањето моторни возила се вложени 120.8 милиони денари (2 милиони евра).

Во светот во кој живееме, приватното здравствено осигурување станува неопходност. Граѓаните сфаќаат дека здравјето е најважен аспект кон кој е неопходно да го фокусираме нашиот животот. Така според АСО, во приватно (дополнително) здравствено осигурување за еден месец  граѓаните вложиле 82 милиони денари (1,3 милиони евра).

Сепак на врвот и со најголемо е учеството се наоѓа задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО) во вкупното вложување во неживотни осигурувања

Полиси вредни 631.2 милиони денари (10,3 мил.евра) се купени во јули. Од тука, во зелени карти се вложени 171,7 милиони денари (2,8 мил.евра).

Како некој кој е секогаш на Ваша страна, СН Осигурителен Брокер ви нуди најсоодветно осигурително решение, а нашите услуги можете да ги разгледате тука.

сите видови на осигурување во СН Осигурителен брокер