Во моменти кога граѓаните и бизнисот се најранливи, најефикасниот инструмент кој ве штити е осигурувањето

Она што може да ви обезбеди сигурност и мир и да ве штити од непредвидлива загуба е осигурувањето

Како најефикасен инструмент, осигурувањето ве штити од непланирани опасности и моментни кога и човекот и бизнисот се најранливи. Несреќите во животот, за жал се нешто кое е составен дел од него. Она што долго сме го планирале, за жал може да наиде на непредвидливост, интерференца, препрека. Природните катастрофи, несреќите на работното место, здравствените проблеми и други случувања, може да изненадат. Од тука се појавуваат неочекувани трошоци, кои е тешко е да ги покриеме со сопствени ресурси. Во овие моменти осигурувањето е она кое обезбедува финансиска стабилност, олеснувајќи го неочекуваниот пресврт и тие штети како неминовна последица.

осигурувањето ги покрива неочекуваните штети во бизнисот

За еден бизнис, инвестицијата во осигурување е нешто кое задолжително треба да стои како примарен чекор кон реализација на понатамошниот деловен план.

Најпрво треба да го осигурате она што сте го замислиле, па потоа да пристапите кон остварување. Во претприемачкиот свет, во деловните активности, ризикот е неминовен. Свеста дека се случуваат несреќи на работно место, може да доведе до финансиска криза. До претенција за уништување не целосната „креација“, конструкција на бизнис планот.

Осигурувањето го заштитува бизнисот, обезбедува стабилност како емотивна, така и финансиска. Со тоа добивате можност за одржување континуитет во оперативноста.  

осигурувањето ве штити од непредвидливи ризици

Во контекстот, би се поткрепиле на констатацијата и апелот на Бојан Москов, менаџер на продажба во СН Осигурителен Брокер за интервју во fokus.mk: „Граѓаните се свесни дека осигурувањето ги штити најважните работи во животот, а компаниите сакаат да ги заштитат своите инвестиции. Оттука, расте свеста дека осигурувањето е ефикасен инструмент кој штити од непредвидени финансиски издатоци во моментите кога и човекот и бизнисот се најранливи. СН Осигурителен Брокер АД Битола преку раширена мрежа подружници низ целата држава, секојдневно ги опслужува граѓанскиот и деловниот сектор. Наша задача е да овозможиме избор на најоптимална осигурителна заштита за секој осигуреник без разлика дали се работи за физичко или за правно лице. Свесни сме дека секој од нив има свои индивидуални потреби и барања и секогаш правиме избор на осигурителен пакет кој ќе одговори на тие барања. Бараме оптимални решенија и во поглед на цена и во поглед на опфатот на ризици.“-вели Москов.