Осигурувањето живот – Субстанцијално прашање: Граѓаните наплатија еден милион евра во ова осигурување за само еден месец

Заштитата околу нашиот живот е нешто кое треба да биде приоритет на секој човек. Како најскапоценото нешто, животот треба квалитетно и правилно да го заштитиме. Свесноста кај граѓаните дека токму осигурувањето живот е најважното нешто е зголемена, покажуваат статистиките.

Петте осигурителни компании за осигурувањето живот, исплатија еден милион евра или 62,4 милиони денари на своите клиенти, осигуреници. Ова е постигнато само за месец јули. Наплатата се изврши на носителите на правото за обесштетување, што зборува за одговорноста од обете страни.

Во споредба со месец јули од ланската година, бројката е зголемена. Самиот износ зборува за тоа. Имено, се алудира на исплатени средства за штети покриени со осигурувањето живот. Тие, од своја страна, се повисоки за 19 отсто од  месец јули минатата година.

Осигурителните друштва, до АСО (Агенцијата за супервизија на осигурување), доставија прелиминарни податоци. Според нив, средствата се исплатени заради неколку нешта. Заради прекин на договор за осигурување со штедна или со инвестициска компонента, заради смрт на осигуреникот.

Кога би го цитирале известувањето од Агенцијата за Супервизија на Осигурувањето, ќе констатираме едно нешто. Свеста околу постоењето на ризици кои можат да доведат до финансиски и емотивни последици, кај граѓаните е значително зголемена.

свеста околу осигурувањето живот е значително зголемена

„Најголемо учество во исплатените средства во јули имаат договорите за осигурување живот со штедна компонента. Во јули осигуреници наплатиле 50,3 милиони денари или 818.000 евра од овој тип на осигурување. Овој осигурителен производ покрај осигурување живот нуди можност по истек на рокот на договорот осигуреникот да ги добие вложените средства зголемени за камата.“

Штом лицето го купува овој осигурителен производ, осигурителната компанија е таа која инвестира дел од парите во сигурни инвестициски инструменти. Позитивниот фидбек е во улога на бенефит, не само за осигурителната компанија, туку и за осигурениците. Така, каматата или приходот се враќа како дополнителен принос кон полисата што се избрала од страна на осигурениците, граѓаните.

Осигурување со учество во добивката се нарекува овој тип на осигурување живот. Како што нагласува АСО, осигурителните компании во месец јули исплатиле 102.000 евра (6,3 милиони денари). Истите се исплатени на семејства или носителите на правото за испата на штета во смртни случаи на лица што го осигурале својот живот.

Осигуран е само ризикот на смрт, што би значело вклучување учество во добивка. Исто така, со ваквиот тип на осигурување, вложените средства ги задржува осигурителната компанија со која е склучен договорот, доколку истото не се случи во договорениот временски период за кој важи осигурувањето. Од АСО, прецизираат:

-Кај најновиот тип на осигурување живот на нашиот пазар популарно познат под називот јунит-линкд осигурување, компаниите во јули исплатиле 5,56 милиони денари или 90. 000 евра. Овој производ покрај осигурување живот нуди и вложување на дел од парите во хартии од вредност со кои се тргува на светските берзи. Токму заради тоа што осигуреникот избира во какви хартии од вредност ќе се вложат неговите средства кај овој тип на осигурување ризикот од вложувањето е на товар на осигуреникот.

Во месец јули, граѓаните вложиле вкупно 1,05 милиони евра (64,5 милиони денари)

Повеќе од половина од вкупниот износ на вложени средства се однесуваат на полиси со кои е осигуран само ризикот смрт и кои не носат право на учество во добивката. Во првите седум месеци годинава граѓаните во осигурување живот вложиле 1,21 милијарди денари или 20 милиони евра, прецизираат од Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Ние како компанија, што го задржува своето лидерско место на пазарот на осигурувањето, сме свесни за постоењето на ризиците. Како некој што постојано се грижи за вас, секогаш е на ваша страна и ви обезбедува сигурност и безгрижност, СН Осигурителен Брокер го нуди најсоодветното осигурително решение и сите видови на осигурување. За истите, можете да се информирате тука.

осигурувањето живот е најважно