Заштедете време и изберете понуда која одговара на вашиот планиран буџет – Сите типови полиси од сите осигурителни компании на едно место

Во свет во кој брзо се развива технологијата, каде се следат светски трендови кои рапидно се менуваат и во свет каде постојано се соочуваме со проблеми и обврски кои мора навремено да бидат извршени, навистина се бориме со часовите и времето. Веројатно, тоа постојано ни недостига. Заштедете време и осигурајте ја вашата иднина!

Знаеме дека времето е скапоцен ресурс. Особено за секој динамичен деловен човек со бројни обврски и на приватен и на професионален план.“ Ќе рече нашиот колега Даниел Паришко за економскиот портал Pari.com.mk.Во случајот со СН Осигурителен брокер АД Битола не мора да губите време да одите од една до друга осигурителна компанија. Да ги споредувате условите и цените. Ние ги нудиме сите типови полиси од сите осигурителни компании.“ Заштедете време и запознајте се со нашите услуги!

заштедете време
услуги
СН Осигурителен Брокер се на едно место

Доволно е само да направите консултација за вашите индивидуални потреби. Во соработка со вас, нашите брокери ќе ви помогнат да ја изберете вистинската полиса. “ Понатаму Даниел образложува:

Тоа значи дека ќе биде избран пакет кој најдобро ќе ги задоволи вашите барања. Истовремено ќе биде избрана понуда која одговара на вашиот планиран буџет. И она што е најважно, таа консултација ја добивате сосема бесплатно. Услугата воопшто нема да влијае на подигнување на цената на полисата за осигурување. Полисата ќе ја добиете по иста цена како и кога би отишле да ја купите во осигурителна компанија. Но, кај нас добивате професионална консултација која ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор согласно со вашите индивидуални потреби.“ – вели Паришко.

Надоврзувајќи се на цитатот на Даниел Паришко, раководител на сектор Прием во осигурување, би констатирале:

Успешните луѓе знаат дека основата за постигнување на целта е првиот чекор кој пред се значи одговорност. Кога би се нарекле архитекти на нашата иднина, најпрво треба да имаме нацрт план. План за тоа како ќе изгледа целиот наш понатамошен пат. До каде ќе одиме? Каде ќе стигнеме? Но, најважно е прашањето кое започнува со зборот „Дали?“ Дали ќе стигнеме до целта и дали можеби нешто ќе не спречи на патот. За да се осигураме од тој непосакуван ризик и последица која може да не доведе до финансиски крах, несигурност и емотивна нестабилност, треба да ја оставиме грижата во сигурни раце. Со оглед на фактот што сакате да заштедете време, во ова динамично секојдневие, одберете ја најдобрата полиса за осигурување на местото со единствена мисија која ги штити граѓаните, развива фер однос заснован на доверба и почит кон соработниците и клиентите.