Прифаќањето критики како можност за учење и раст – СН Осигурителен Брокер, компанија што секогаш се грижи за клиентот

Успешна компанија се грижи кон барањата на клиентот, а критиките се мотивација

Во деловниот свет за креирањето на визијата која што една компанија ја има зацртано, од особено значење е прифаќањето на критиките. Истите се едни од најважните аспекти за успешен развој. Следењето на пазарот и неговото надминување, не значи само слепо уверување во своите сопствени резултати. Прифаќањето на грешките значи можност за искачување на уште едно скалило кое ќе не движи поблиску до пиедесталниот таргет. Но, поентирањето на грешките значи прифаќање на критика не само од страна на својот тим и вработените. Клиентот е оној кој најповеќе согледува до каде сме, дали нaпредуваме и што треба да превземеме. Како одговорна компанија која е секогаш од страна на клиентот, СН Осигурителен Брокер, се грижи за него. Стремиме кон исполнување на неговите барања и мислења.

Прифаќањето на критиките како можност за учење и раст – СН Осигурителен Брокер компанија што секогаш се грижи за клиентот

Она што го нудиме, не значи само упорно убедување и наметнување на нашата идеја.

Во истиот контекст, важна е идејата. Но, пред сѐ, треба да помине низ еден пат кој со себе носи повеќе правила што треба да се почитуваат. Се разбира, најпрво треба да се обмисли како таа ќе се презентира. Потоа треба да се „предвиди“ како истата ќе се прифати. Сепак, тука се инволвира и фактот дека  всушност не може да се предвиди како идејата ќе „циркулира“ понатаму. Затоа во преден план е мислењето на клиентот кое од своја страна може и сакаме да биде критички настроено. Така ја зголемуваме довербата која следи како придобивка за двете страни и како осигурителна компанија што се грижи за за граѓаните кои сѐ повеќе стануваат свесни за осигурувањето како составен неминовен дел од живеењето.

Свесност околу остоењето позитивни и негативни критики

За нас, и двете значат мотивација, а не демотивација. Она што ние го сметаме како придобивка е токму одговорот и реакцијата на клиентите на нашите понуди. Проценувањето и прифаќањето на критика, значи дека една компанија е способна да се адаптира на условите, барањата и да ги разгледа сите аспекти кои понатаму ќе овозможат подобрување на услугите во поглед на осигурителниот пазар. Го штитиме клиентот, неговите потреби и интереси, па доколку тој смета дека нешто треба да се промени, реагираме кон обезбедување уште подобра клима.

СН Осигурителен Брокер продолжува да биде ваш партнер кој ќе ве заштити и ќе биде секогаш на ваша страна, а критиките се само уште едно средство за да бидеме уште поуспешни, да растеме уште повеќе задоволувајќи ги вашите интереси и барања.

грижи критики

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *