Го запознаваме тимот на СН Oсигурителен брокер – Татијана Николовска, Референт за продажба – Тетово

Полека завршува работната недела, а ние петочно задовoлни од исполнетите обврски, разговараме со тимот, делиме мислења, правиме нови планови. Меѓу другото, со утринско кафе, ве запознаваме со тимот на СН Oсигурителен брокер. Зборуваме со Татијана Николовска, референт за продажба од нашата експозитура во Тетово.

Исклучителен работник, амбициозна жена, голем човек што совршено се вклопува во нашето СН семејство. Референт за продажба. Како започна твојата кариерна приказна и до каде ќе оди?

Во оваа компанија сум од 2017 година и токму работната позиција „референт за продажба“ е местото во кое се пронаоѓам. Имам долгогодишно искуство за оваа работна позиција, уште од 2009 година, така што ова е неминовен процес кој е дел од исполнување на моите цели. Јасно е дека амбицијата е нешто кое мора да биде во континуитет и никогаш да не застанува. СН Осигурителен брокер е компанија што го препознава тој порив, интелект и стреми кон постојано усовршување. Компанијата ме препозна, а сметам дека и јас се вклопив во нејзината визија.

целна работна позиција - референт за продажба

Веруваш во планови и дали знаеш каде одиш или можеби сакаш изненадувања од животот?

Сметам дека за да си успешен на кариерен план, не смееш да си дозволиш да бидеш изненаден. Иако секогаш треба да знаеме дека ризиците се составен дел од животот, па така секогаш постои некоја разнишана скала на патот. Но, најважно е да веруваш, да се исправиш и да продолжиш понатаму. За успех, потребен е добар план, стратегија и визија која ќе се движи по насоките на тој план. Од тука, би констатирала дека ДА верувам во планови.

Татјана кое е твоето хоби?

Морам да забележам дека денешното темпо на живот е многу брзо. Сѐ се случува со брзина на светлината и мора псотојано да сме во тек и со домашните и приватни обврски, како и работните. Тоа малку создава притисок за секоја жена, но терминот мултитаскин, веројатно најповеќе им припаѓа на припадничките на понежниот пол. Кога сум слободна, надвор од домашните обврски, ме релаксира одење во теретана. Физичката активност игра важна улога во здравјето. А здравјето е она кое игра можеби најважна улога за градење на еден успешен човек на секое поле.

Мото, мантра или некоја реплика од филм или книга? Независно од каде, имаш ли мотивациска мисла што те води кон целта?

„Ако го чекаме моментот кога апсолутно сè ќе биде подготвено, никогаш нема ни да започнеме“ – Иван Тургењев. Верувам во оваа мисла. Не смееме вечно да планираме да тргнеме! Треба еднаш да тргнеме.

Она што го размислува тимот на СН Осигурителен брокер раскажува за нашата работа. Успехот е заснован на квалитетниот живот, а квалитетниот живот значи позитивна мисла и стремеж кон поубаво „утре“. Но, сето тоа без поддршката која се наоѓа во нашето мото, не би би било ништо.

„Затоа што убаво е кога некој е секогаш на ваша страна!“

Татијана Николовска

Референт за продажба

Експозитура Тетово улица: „Љубо Божиновски Пиш“ 129

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *