Burnout или работната исцрпеност може да го уништи здравјето! Обезбедете навремена заштита

Свеста околу проблемот поврзан со работната исцрпеност

Што е работна исцрпеност? Кои сѐ проблеми можат да произлезат од недоволниот одмор? Здравјето е најважно за секој човек без исклучок. Динамиката на секојдневните обврски во домот и приватниот живот, како и динамиката во ,,трката” за развој на кариерен план, можеби не дозволува толку време да се обрне внимание на оваа проблематика. Но, заштитата околу здравјето, е и тоа како нешто кое не смее да се заборави!

Но, токму затоа постојат животни тренери кои нудат асистенција. Притоа, тие помагаат секој да може да избере најдобар пакет за осигурување. Следствено, би ги напоменале здравствено, животно осигурување…

работната исцрпеност - burnout

Грижата за здравјето и заштитата е клучна за секој човек!

Грижата за здравјето и заштитата е клучна за секој човек, а животните тренери се тука да го помогнат таквиот процес. Надоврзувајќи се токму на таа динамика што знае да не надвладее, здравјето, за жал станува занемарлив проблем. Во контекст на „деловниот“ процес и постојаната трка со времето, следењето на светските трендови принципи, би ја истакнале работната исцрпеност или burnout. Проблематика која недоволно се акцентира. Како современа болест на 21 век, таа постои и може да нанеси латентен притисок. Притисок кој е тивок убиец на вашето здравје.

Исцрпувањето може да создаде криза во секаков бизнис

Исцрпувањето може да создаде криза во секаков бизнис, што дополнителниот стрес од губењето енергија, доаѓа до комплетен хаос на секое поле во животот.
Токму затоа поединците можат да изберат најдобро здравствено осигурување, за да ги избегнат последиците од финансиски и психички стрес кој би ја нарушил идилата. Планот кој се конструира и му претходи на една визија, секогаш во својата замисла треба да го содржи и одморот. За еден работник, тоа е основата за понатамошна продуктивност и квалитетни резултати.

iscrpenost od rabotata
Како ќе препознаме дека е време за одмор?

Што се однесува до работната исцрпеност, според една авторка на книга што зборува конкретно на оваа тема и ја разработува како проблематика, Литвин ќе забележе дека исцрпеноста и тоа т.н. прегорување, може да се согледа и открие според неколку знаци. Имено, таа на прашањата од типот: „Како можам да констатирам дали се исцрпувам?“, вели дека треба да се согледаат малите траги, како што се негативните мисли и „панични“ заклучоци, како на пример: „Претрупан сум со емаил-пораки“ и слично. Од тука, зборувајќи за свесноста околу оваа исцрпеност, би го цитирале текстот од интернет страницата pari.com.mk:
„Избегнувањето на  обврските е сигурен знак за исцрпеност. Тие вклучуваат мисли како: „Посакувам да можам да останам во кревет до пладне денес. Најочигледна трага се лути изливи кон саканата личност. Тоа е знак дека нешто друго ве мачи. Други индиции вклучуваат: проблеми со спиењето, чувство на огорченост или дигестивни проблеми“, заклучува Литвин.

Во вакви услови во ситуации на преголем замор од работните обврски, важна е свеста околу сочувувањето на нашето здравје.

Здравјето е највисок приоритет за секој човек, а вложувањето во доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор да обезбедите најдобра здравствена грижа, како што вели и Емилија Десановска, менаџер на секторот за доброволно приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен брокер АД Битола.
Не дозволувајте да го занемарите проблемот од ризикот на работната исцрпеност која може да го наруши вашето здравје и предвреме подгответе се и бидете сигурни со компанија која секогаш е на ваша страна.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *