„СН Осигурителен Брокер – Компанија која вложува во вработените и го препознава нивниот квалитет!“ – Андријана Стојановска, правник

Петок, утринско кафе и разговор со нашиот тим. И откако ги испланиравме тековните обврски за денот што следи, поразговаравме со Андријана Стојановска, правник во СН Осигурителен Брокер.

Успешните луѓе секогаш бараат можност да им помогнат на другите. Неуспешните луѓе секогаш прво прашуваат:А јас што ќе добијам од тоа?“ – Брајан Трејси.

Така го започнавме разговорот со Андријана, која на оваа фраза се надоврза:

Андријана: Успехот произлегува токму од таа заемна помош, но никогаш барање за нескромен фидбек од оној кој ти помогнал или му си помогнал. Според мене, несебичноста е онаа која те води до целта. Без его, или „фејк“ самодоверба.

pravnik

Андријана ни потврди дека нашата СН приказна се темели на заедничка работа и постојани консултрации со колегите, а токму нашата компанија непрекинато вложува во нив.

Како започнува работниот ден на еден правник во СН Осигурителен Брокер?

Состанок со колегите и планирање активности кои ќе се случуваат во текот на денот. Нашиот ден мора да има добра визија и добро замислен план кој понатаму ќе се организира, развие.

Колку СН Осигурителен Брокер вложува во тимот?

Како брзорастечка компанија, СН Осигурителен брокер, постојано вложува во вработените. Следиме обуки, присуствуваме на конгреси, учествуваме на семинари. Компанијата несебично вложува во надоградување на својот кадар. А според мене, тоа е најважното нешто што би те однело до целта. Никогаш не  е доста од учење на нештата, од  осознавање и применување на нови и инвентивни пристапи и концепти кои се во тек и го следат примерот на светски познатите и успешни компании.

Како Стојановска го пополнува своето слободно време?

Обожавам прошетки во природа, надвор од урбаното. Бенефитите се неверојатни. Позитивно расположение и уште поголема енергија за извршување на обврските. Освен тоа, ме опушта добра книга на Гијом Мисо, убава музика и вкусните колачи во чија пдготовка уживам.

timot na sn osiguritelen broker, Андријана Стојановска, правник

Каде се гледаш во иднина?

Токму тука во оваа компанија. Затоа што ги препознава вештините на вработените, идеите, го следи трудот, ја поддржува амбицијата и мотивира. Тоа е она што е потребно за секој оној кој има силна желба да се развие на кариерен план.

За крај, пробавме од вкусниот десерт на Андријана и денот го започнавме со едно слатко задоволство кое се топи во уста. …А адреналинот од чоколадниот фил, ни даде уште повеќе енергија и не мотивира за извршување на тековните обврски.  

Андријана Стојановска – Правен сектор на СН Осигурителен Брокер

Телефонски број: 078 596 964

Дирекција

Улица: ул.Михаил Апостолски Дончо

www.snbroker.mk

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *