Историја на осигурувањето – Ѕвоното на Лојд

Lutine Bell или Лутин ѕвоното има посебнo место кога станува збор за историјата на осигурувањето. Особено ова е значаен предмет кој е поврзан со историјата на еден од најголемите осигурителни пазари Лојд од Лондон.

Имено, ѕвоното го започнало својот живот на француската поморска фрегата (вид брод од тоа време) наречен Ла Лутин. Бродот бил заробен од Британците во Тулон во 1793 година. Последоватено, бил и преименуван како HMS Lutine. Со улога на борбен брод, пловел под британското знаме шест години. Подоцна Лутин повторно ја променил својата судбина. Станал транспортен брод кој своето последно патување го завршил во Германија во 1799 година.  

Што се однесува до историјата на осигурувањето се случил огромен финансиски удар за Лојд

На 9ти Отомври, таа година, HMS Lutine пренесувал огромен товар. И тоа не било каков. Пренесувал огромна сума на злато, кое всушност било осигурано од Лојд. Бродот пловел за Хамбург, но за жал никогаш не стигнал до финалната дестинација. Во непредвидлива бура, бродот бил разнесен на холандските песочни брегови и урнат. Од екипажот од 240 членови, само еден преживеал, а целиот товар од злато на бродот бил изгубен. Тоа бил огромен финансиски удар за Лојд. Но, истовремено оваа ситуација ја зацврстила репутацијата на компанијата, затоа шо Лојд ги подмирил дури и најневеројатните загуби.   

Своевремено, во обид да се спасат деловите од бродот, било спасено ѕвоното кое едвај го одглавиле од заплетените синџири. После ова, ѕвоното го наоѓа својот нов дом во просториите на Лојд во кралската берза. Од тогаш, тоа е поврзано со оваа приказна, па кога Лојд се преселувал и ѕвоното се преселувало со него. Кога Лојд бил преместен на улицата Лиденхол, а потоа и на улицата Лајм во Лондон каде што е денес, и ѕвоното останува со него. 

Ѕвоното со главна улога во компанијата или еден вид амајлија

Ѕвоното имало главна улога во компанијата. Така, кога задоцнатите бродови пристигнувале на безбедно, тоа ѕвонело два пати што значело олеснителни воздишки од страна на преземачите. Доколку пак некој брод не се врател, се изгубил или урнал, ѕвоното се слушало како отчукува само еднаш. Така, сите ја знаеле судбината на бродот кој се чекал, но и судбината на Лојд или товарот што го осигурувале во исто време.

Во зградата на Лојд, каде се наоѓа денес ѕвоното, стојат записи кои говорат за токму тие лоши судбини на бродовите, а се започнало од ХМС Лутин. Раскажувајќи една немила слика во поглед на наутичката историја, овој предмет останува да сведочи со една историска копија што секогаш е изложена под ѕвоното.

После долгогодишно ѕвонење, овој предмет со воодушевувачка историја, полека ја губи „силата“. На крај, ѕвоното разви пукнатина во своето „тело“, својата структура или својата душа. Имено, покрај моќта на интернетот и електронската пошта, улогата на ѕвоното не се смета за неопходна, иако во потполност не ја изгуби својата функција, па така сеуште се слуша неговото отчукување за некои значајни настани, церемонијални прилики. Сеуште ѕвони и кога се случуваат несреќи, како што тоа беше примерот со кулите близначки во Њујорк. 

евиденција за историјата на осигурувањето на Лојд

„Тешко е да се пропушти ѕвончето Лутин… Тоа е речиси луминисцентно, светло сјае наспроти контрастната прекрасно врежана структура од темно дрво околу него.“ – напиша интернет порталот Londonist пред околу шест години и поентира: „ Сепак, изгубените бродови ширум светот сè уште се евидентираат во дневниците на Лојд, со истиот богат ракопис и традиционално пенкало со мастило.“

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *