Денес сме на кафе пауза со нашиот колега Бурим Јашаровски, дел од мозаикот на успешната приказна на СН Осигурителен брокер, без кој нашиот тим не би бил сѐ. Имено, Бурим е нашиот вработен во секторот за осигурување на сточен фонд. За неговата работа, нашиот колега ги истакнува придобивките од осигурување на животни: „Животните и домашните миленици, вели Јашаровски, се од непроценливо значење за сопствениците. Ризиците со кои се соочуваме секојдневно и непредвидиливите ситуации се случуваат и кај животните, па тие можат да се разболат, повредат, па дури и угинат. Токму тоа значи непланиран дополнителен трошок за сопствениците, а СН осигуритрелен брокер се грижи околу овие прашања.“
Надвор од неговата работа, тој е ентузијаст, креативец и секогаш знае да придонесе со позитивно расположение кое се некако е заразно. Само оние кои добро го познаваат животот, знаат што е добар хумор. За добар почеток на денот, задоволство е да се пие првото утринско кафе со Бурим. Нешто околу другите аспекти на неговата личност, афинитети и навики, низ опуштен разговор си позборувавме со нашиот колега, а разговорот во целост може да го прочитате подолу во текстот.
Бурим, би се опишал ли себе си во два збора на работното место и надвор од него?
БУРИМ: Колегијален, исполнет.
Што е она нешто кое го релаксира Бурим после работа?
БУРИМ: Уживам да возам велосипед. Тоа е она нешто што знае да ме опушти. Мислам дека човек мора да има свое хоби и нешто кое комплетно ќе го релаксира и ќе го натера да „излези“ надвор од секојдневието. Последиците се секогаш позитивно расположение, поголема концентрација и елан за понатамошно извршување на приватните и работните обврски.
Малкумина сакаат да зборуваат за конкуренцијата. Зошто е тоа така и дали конкуренцијата според тебе е здрава?
БУРИМ: Според мене, конкуренцијата е и тоа како важна и здрава во секој случај. Но, сепак би рекол дека таа личност што има победнички дух, не гледа често во конкуренцијата.
Зборувајќи за уживањето и радоста која ја носи утрото, пладнето… денот, на нашето прашање поврзано со храната и хедонизмот, Бурим веднаш имаше одговор:
„Хедонист и гурман во секој случај, но не знам ништо да приготвам.“
За да бидеме успешни, прво нешто што треба да направиме е да се вљубиме во нашата кариера. Вербата во фактот дека го работиме она што го сакаме, е само на чекор до постигнување на целта. А токму тоа се случува во нашата СН приказна. Амбиција, позитивна енергија и постојана мотивација и верба која не носи до позицијата на лидер.
Пристапот кон осигурување животни е нешто кое би требало да биде „задолжителна“ одговорност на сопственикот, а Бурим е одговорен кон својата работа и кон исполнувањето на барањата на клиентот.
Бурим Јашаровски
Сектор: Осигурување на животни
ДИРЕКЦИЈА
Улица: ул.Михаил Апостолски Дончо
Телефонски број: +389 78 496 967
www.snbroker.mk