„Успехот е храброст! Помалку или повеќе. Можеш да имаш или резултати или изговори, не можеш и двете!“
Нашето петочно утро го започнуваме со разговор со Анита Кузмановска, дел од тимот на СН Осигурителен брокер – Сектор Финансии и сметководство.
…И некаде низ првите часови, Анита ни ја открива својата кариерна приказна, ставајќи акцент на амбицијата што според неа е апстрахиран страв.
„Ако се плашеш не можеш да успееш! Но, исто така треба и да сонуваш и веруваш!“– вели Кузмановска започнувајќи го разговорот за тоа како стигнала до овде, потпирајќи се на мотото: „Успехот е храброст!“
Како започна твојата кариера и дали е ова она што од секогаш си го сонувала?
Се започна од визијата да бидам дел од ова биро. Верував дека еден ден ќе ја работам оваа професија. Но, би рекла дека трудот без никакви изговори и таа храброст, се неопходни за успехот. СН Осигурителен Брокер е местото во кое се пронајдоа моите желби, а тимот го препозна тоа.
Утро, кафе и што? Како започнува твојот ден?
Најпрво благодарност, потоа како секој родител грижа околу подготовките за ќерка ми. Многу насмевки, малку утрински детски солзи и слатката „драма“ може да заврши со испраќање на ќерка ми во градинка.
Правењето на првиот чекор во просториите на СН, започнува со мисла и концепт за обврските кои треба да се извршат во текот на работните часови што следат. Тука е неизбежното кафе и денот може да започне.
Што е она што те исполнува после шеснаесет часот и работниот ден?
Најпрво семејството е она со кое претендирам да поминам што повеќе време. Потоа доаѓаат пријателите чии совети секако се дел од мојата приказна. Според мое мислење, нивните совети се од непроценливо значење, кое секако може да влијае во процесот на градење успех, откривање на клучот за таа самодоверба. Советите треба да се слушнат, размислат, а потоа многу од нив да се прифатат и реализираат. Можам да кажам дека јас имам токму такви пријатели кои ме бодрат кон целта. Тука не би го исклучила и тимот на СН и колегите со кои покрај тоа што делиме исти канцеларии, исто така се и значаен дел од кругот на моето сѐ.
Што те релаксира?
Убави луѓе, добра музика и патување. Тука би ја издвоила импресивната Будимпешта, дестинација која навистина ме фасцинирала со нејзината култура, атракции, атмосфера. Според мене, има нешто магично до одењето некаде далеку, затоа што кога ќе се вратиш, се чувствуваш како нов човек. Подготвен за нови почетоци и старт позиција што гарантира успех. Успех во канцелариите на СН Осигурителен брокер, кој започна од мала визија, а денес е водечки лидер во пазарот на осигурувањето во Македонија.