„Верувај во личноста што ја креираш, затоа што добрите работи сакаат време! “ – Тимот на СН Осигурителен Брокер – Трајанка Пендева, администратор/референт за осигурување

Тимот на СН Осигурителен Брокер цврсто чекори кон успехот. Нашите мотивациски цитати секогаш пулсираат во едно. Тоа се вика верување. Верување дека ќе останеме да бидеме лидери, дека ќе се исполнат уште поголеми таргети и цели, визија и обврска која е секогаш од страна на клиентот и која е наша обврска и мора да ја исполниме. Се наоѓаме во нашата експозитура во Кавадарци.

Утринско кафе со Трајанка Пендева, администратор/референт за осигурување. Позитивна енергија, широка насмевка и волја за работа. Трајанка е емпатична, грижлива и секогаш отворена за соработка. Пред сѐ одговорна личност, драга колешка и неизоставен дел од нашата успешна приказна и тимот на СН Осигурителен Брокер.

Трајанка како започнува твојот работен ден ?

По природа сум позитивна и насмеана личност, па така и поголем број од утрата сум расположена, среќна што сум здрава, жива и мотивирана за новиот ден што следи.

Првото утринско кафе го пијам сама на работното место и тоа е момент кога ги организирам работните обврски за тековниот ден. Таа рутина ми е една од омилените.

Кои сѐ обврски те очекуваат како администратор/референт за осигурување?

По испиената шоља кафе, дополнителната енергија секогаш ми дава позитивна мисла за добро  поставен план, организација во текот на денот кои придонесуваат за одлични резултати.

Потоа следат работните обврски кои зборуваат за нашата доблесна професија. Започнува работата која ги штити и одговара на интересите на нашите осигуреници за изготвување на понуди, изработка на полиси, делот со наплата, фактурирање…

Колку е развиена свеста околу осигурувањето кај нас во споредба со останатите земји?

Искуствата покажуваат дека земјите што имаат финансиски сектор уживаат побрз и постабилен долгорочен развој, а осигурувањето пак, претставува една од важните алки за економскиот раст во националната економија. Секторот за осигурување не само што презема ризици и го намалува негативното влијание на штетните настани, туку придонесува за развој и на целокупното стопанство.

Од тој аспект кај нас зборуваме за недоволно развиен пазар, примарно насочен кон задолжитеното осигурување од автоодговорност и мала застапеност на незадолжителните класи. Просечната премија за имот во Македонија изнесува од 30-50 евра, а европскиот просек изнесува 170-200 евра. Ова значи дека ние, во просек, помалку го осигуруваме сопствениот имот, а со тоа повеќе зависиме од сопствените средства и од помош од државата при поголеми штети.

Осигурувањето не ги штити само поединецот и неговото семејство, туку целата економија.

Што се случува со Трајанка откако ќе се заврши работниот ден ? Која е таа? Како се опушташ и како успеваш со реализација на сите обврски ?

Откако ќе го завршам работниот ден, настојувам да поминам повеќе време со моите сакани во убава атмосфера и вкусна храна.

За викенд, покрај времето кое што сакам да го поминувам со семејстото, годините ме научија да се опкружувам со одбран круг на пријатели кои ме исполнуваат со позитивна енергија.

Хоби ми е пешачењето и баш тоа е она што ме опушта и комплетно ме релаксира. Бенефит ми е секогаш позитивно расположение, поголема концетрација и поголем елан за извршување на приватните и работните обврски.

Во што веруваш ?

Верувам во себе! Вербата во себе е најважната состојка во ова патување наречено Живот.Таа е темелот,основатаи најголемиот ветар во грб на еден човек.

Затоа,верувај во себе,верувај во своите идеали и соништа! Таа е најголемиот чекор кон нивното остварување .

Мото ?

Моето мото отсекогаш било, верувај во личноста што ја креираш, затоа што добрите работи сакаат време! Успехот не доаѓа одеднаш!

ТРАЈАНКА ПЕНДЕВА – АДМИНИСТРАТОР/РЕФЕРЕНТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

Експозитура Кавадарци

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *