Тимот е огледало на една успешна компанија! – Интервју сo тимот на СН: Александра Блажевска, раководител на сметководство и финансии

Тимот е огледало на една успешна компанија!

Некаде низ првите сончеви зраци, со кафе и чај го започнуваме петочното утро. Разговораме со тимот на СН Осигурителен брокер кој е одгледало на една успешна компанија. Денес, откриваме една страница од деловниот успешен концепт на нашата компанија.

Разговараме со Александра Блажевска, раководител на сметководство и финансии.

Нејзината насмевка и брз темперамент, плени со завидна еуфорија, позитивна енергија и алтруизам.

„Денот по утрото се познава. Започнувам со чај и убава енергија која „настојувам“ да е заразна. – вели Александра.

utro vo sn osiguritelen broker

СН приказната е повеќе од работа за мене. Во нашата компанија, стекнав многу пријатели, познанства. Кога влегуваш во канцеларијата, како да кодекс на однесување ни е насмевката. И тогаш, може да започнат обврските кои понатаму со леснотија ги извршуваме. Верувам во тоа. Добрата атмосфера и дружбата можат да донесат само продуктвност.

Текот и развојот на твојата кариера. Како започна и каде си денес?

„Креирај живот за кој едвај ќе чекаш да се разбудиш!“ – Од тука, би рекла дека сѐ започна од една мала идеја, желба и визија да работам во компанија како оваа. Стремам  кон успех и кариера, а сето она кое го сакаме доволно, секогаш се исполнува. Со голем труд, позитивна мисла, упорност и се разбира верување. Имено, во СН Осигурителен брокер, започнав во 2015 година, па мојата позиција беше во сектор продажба. Како компанија во која може да унапредуваш, сега сум раководител  на сметководство и финансии.

Спонтана или веруваш во планови?

Животот не е нешто кое можеш да го испланираш, но можеш да се потрудиш да ги прифаќаш сите предизвици со леснотија, спонтаност и позитивна афирмација.

Зборувајќи за онаа Алескандра што е надвор од нејзината канцеларија, таа ни откри дека има уметничка страна. Ако Блажевска не би чекорела по оваа патека, нејзината работа би се поврзувала со дизајнирање, сликање, изработки.

тимот е огледао уметност

„Уметноста е она што ме релаксира, па смтам дека креативноста е онаа која најповеќе раѓа позитивна мисла. Во слободно време цртам, уживам во изработка на нешто автентично и сакам да создадам нешто уникатно. Во посоледно време изработувам декоративни даски, кои се поврзуваат со кулинарскиот свет, што секако како гастрономски посебен универзум, е уште едно нешто што се нарекува уметност. Од друга страна, целиот живот се занимавам со спорт, а за себе можам да речам дека сум и авантурист кој ужива во патувања.“  

Стремежот кон тимска игра и заемна мотивација, е она нешто што не отсликува како индивидуи и води кон реализација и одговор и на најголемите предизвици. Така го започнуваме денот во СН Осигурителе брокер. Со позитивна мисла и енергија што инспирира. Затоа што тимот е огледало на една компанија.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *