Петок, утро и кафе со колегите. На разговор со Фросина Гаговски, сектор наплата во СН Осигурителен Брокер.
Фросина е дел од нашата компанија веќе добри четири години. Своето место го пронаоѓа токму во нашата СН приказна, во сектор наплата. За нашата колешка, би рекле дека совршено се вклопува во работењето и градењето на деловната визија на компанијата.
– Ентузијазмот е многу важен кога станува збор за градење на еден успешен ден. Задолжителна е и амбицијата која настапува како втор чекор. Дисциплината се надоврзува, а потоа се разбира е тимската работа, вели Фросина Гаговски од секторот наплата.
Мојата работа е фокусирана кон интеракција со клиенти. – Ни раскажува Фросина – Како значаен дел од моето работно секојдневие, е градењето на добар и фер однос со нив. Како компанија која секогаш е на страна на граѓаните, ние стремиме кон професионална поставеност, посветеност, фер однос и постојано усовршување. Етиката, моралот и отвореноста се наша крајна цел која сакаме да биде заснована на доверба.
Што мислиш за нашата компанија? Кога би зборувала во трето лице, како би ја доживеала нашата компанија. Како изгледаме однадвор?
Милам дека како компанија навистина брзо растеме. Всушност за тоа зборуваат и нашите бројни експозитури и клиенти кои се задоволни од нашите услуги. И да, ако би била перцепиент или некој што ја гледа оваа успешна бизнис идеја од страна, би се восхитила, а и одново би го направила истиот чекор.
Како започнува твојот работен ден? Кафе појадок или појадок па кафе?
Дефинитивно појадок па кафе. Сметам дека здравите навики градат квалитетен живот. Здравјето е она кое треба да го штитиме и да се грижиме. Тука би ја искористила и приликата да споменам дека како дел од онаа крајна таргетирана цел, е свесноста околу сопствениот живот. Всушност тоа е и нашата идеја. Преку фер однос, да објасниме и да го доближиме осигурувањето на она што го имаме, затоа што колку и да го чуваме здравјето, никогаш не можеме да знаеме што може да не изненади. Но, се разбира сѐ започнува од утрото. Какво ти е утрото таков ти е и денот. Здрави навики, креираат здрав човек, кој понатаму е свесен за себе и знае да го заштити она што го изградил.
Која е Фросина понатаму? После работниот ден? А имаш ли можеби и некое хоби?
Јас сум мајка и сопруга. Посветеноста кон семејството е процес кој и покрај главниот фокус кон амбициозниот пристап на кариерен план, не смее да се заборави. Така, станува нешто што е примарно и нешто од каде продолжува сѐ понатаму. Инаку уживам во добра книга, а сметам дека физичката активност, како фитнесот игра важна улога. Влијае на расположението, на серотонинот, а и адреналинот кој е потребен за остварување на нови приватни и деловни успеси. Но, дисциплината најпрво кон себе е она што ќе те води низ целиот процес. Од тука, важно е трпението и континуираната мотивација и дисциплина.