Александра Дуковски, шеф на кабинет на извршни директори: „Соработката е елементарен постулат за да бидеме успешен тим!“

Петочно утро и еден пријатен разговор со нашата колешка Александра Дуковски. Дуковски е шеф на кабинет на извршни директори во СН Осигурителен Брокер и е навистина неизбежен дел од нашето семејство.

„Да си дел од една толку моќна компанија која навистина е лидер на пазарот на осигурувањето е привилегија.“ .Започна Дуковски, а на нашето прашање околу нејзиното работно искуство таа ни одговори:

Назад во почетоците на мојата кариера бев дел од колегиумот на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Одржував предавања за предметот „Бизнис“. Нешто подоцна мојата кариерна приказна се случуваше во Стопанска Банка АД Битола каде научив сигурно и цврсто да чекорам како во деловниот така и во приватниот живот. Искуството е фундаментално за да го трасираш патот во иднина, а амбицијата е пресудна. Мојата визија се исполни. Сега можам да кажам дека сум горда што сум дел од мозаикот на нашето СН семејството.

Дуковски

Што значи според Александра Дуковски успехот? Дали е возможен и која е стратегијата?

Секогаш ме водела помислата дека амбициозноста е една логичка матрица што ги обединува успехот и човечноста. Само тогаш би стигнале до посакуваниот резултат.

Успехот според мене, не доаѓа со големо его. Етиката, емпатијата, културата и соработката со сите колеги и пријатели и безрезервната љубов кон нивните успеси, е она нешто кое може несомнено да не воздигне.

Важно да сме свесни дека можеме да го акцентираме фокусот кон сето „добро, позитивно и алтруистичко“. Од тука, според мене, самосвесноста знае да му даде „повод“ на човек да ги сака и другите околу него, без да има потреба од извесна суетна стега.

Александра Дуковски

Горда сум што моментално сум дел од токму таков тим со баш овие епитети. Соработката е елементарен постулат за да бидеме успешен тим, а критиката и самокритиката се длабоко и неизбежно инфилтрирани во сите позиции. 

Што значи да си шеф на кабинет на извршни директори?

Одговорноста пред сѐ е клучна кога станува збор за оваа позиција. Веднаш после неа, следи довербата и организацијата во однос на принципот на работа. Мултитаскингот игра исто така огромна улога, па затоа е важно да бидеш ефикасен и да знаеш да го распоредиш своето време. Тука би се вклучила и будноста околу сите оние нешта и проекти кои се случуваат околу нас, за последователно стекнување на потребните информации за работите кои треба да се знаат.

Но, она што е важно е разбирањето, срдечноста и професионалниот менаџерски тим на нашата компанија. Тоа се навистина врвни професионалци отворени за соработка, подготвени да го споделат нивното знаење и искуство, да ги разберат и решат проблемите, како и континуирано да се ангажираат и грижат околу надоградувања и обуки за целиот тим. Денес е реткост да запознаш вакви луѓе, особено да си дел од нивната приказна која започнала со само четири вработни, а сега е на врвот.  

Која е Александра надвор од канцелариите на СН Осигурителен Брокер? Имаш ли посебно хоби, место и време во кое ги полниш батериите?

За да успееш како жена, треба да умееш и машки да чекориш. А кога еднаш ќе започнеш, понатаму е лесно и ништо не е недостижно.

Но, секогаш се водам од тоа дека љубовта љубов создава. За мене тоа е факт. И надвор од канцеларијата, гледам да сум истата личност која ќе ги негува човечките вредности. А кога зборуваме за љубов, првата асоцијација за неа, се моите деца. Уживам во секој миг поминат со нив. И токму таа безусловна љубов е онаа која знае да ми даде енергија за потоа успешно да ги завршам и најтешките обврски. Тоа е тоа бесценето време и место кое знае да ти ја даде потребната енергија. Таа енергија те прави среќен. А среќен човек, може да постигне сѐ.