СН Осигурителен брокер АД Битола со поддршка за младите музички таленти

– СН Осигурителен брокер АД Битола со поддршка за младите музички таленти. Под мотото „28 години пееме заедно“ СИ ДО звездичките на голем музички концерт собраа огромен број вљубеници на детската музика и покажаа дека детската песна е бесценета.

Младите музички таленти заслужуваат вистинска поддршка. Toa треба да им овозможи да се усовршат во светот на музиката. Оние кои се навистина талентирани да имаат добри услови да градат музичка кариера. Ова го истакнуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола. Оваа општествено одговорна компанија и оваа година обезбеди поддршка за детскиот музички фестивал „СИ ДО“.

СН Осигурителен брокер поддржувач на детската песна

Под мотото „28 години пееме заедно“ СИ ДО звездичките на голем музички концерт собраа огромен број вљубеници на детската музика. Тие уште еднаш покажаа дека детската песна е бесценета. Покажаа дека е исполнета е со најубавите детски желби и соништа, кои кога би се отствариле светот би станал поубаво место за живеење.

Токму ваква позитивна енергија испратија 20 солисти од сцената на Центарот за култура во Битола на 9 април. Освен што обезбеди поддршка за организацијата на фестивалот од страна на Здружението на граѓани од областа на културата “Промедиа Битола“, СН Осигурителен брокер младите пејачи ги награди и со пакетчиња со школски прибор. Целта е да ги мотивира да останат посветени во процесот на својата едукација и постојано напредување.

СИ ДО музички симбол на Битола

„Фестивалот СИ ДО е музички симбол на Битола. Тоа што интересот за овој фестивал е толку голем покажува дека станува збор за вистински вредности. Во тој дух сакаме да бидат воспитувани идните генерации. Фестивалот се наближува кон тоа да ја заокружи својата трета деценија. Затоа особена чест и задоволство ни е што веќе со години сме партнери и поддржувачи на фестивалот. Тој ја афирмира детската песна не само во земјата, туку ширум светот.“-посочуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Фестивалот кој го носи името „СИ-ДО“ во чест на познатиот композитор Петар Сидовски успешно ја исполнува мисијата да биде двигател на македонската музичка сцена и да им даде поткрепа на младите таленти на почетокот на нивната музичка кариера.

„Во сите изминати години од фестивалот имаат излезено многу хитови. Дел од нив се влезени во македонската антологија на детска песна. Секое издание на фестивалот е проследено со аудио и видео издание. Како што може да се забележи низ сите овие години имаат поминато многу генерации на деца. Како резултат на тоа секоја генерација си има свои хит песнички, повозрасните генерации се сеќаваат на постарите хитови, новите генерации на актуелните хитови. Од оваа инстанца за успешно одржување на фестивалот многу ни значи поддршката од спонзорите за што искрено им се заблагодаруваме. Токму со таа поддршка одржуваме високо ниво на фестивалот по кој Битола е препознатлива. “-вели Дарко Шерденков, директор на фестивалот СИ ДО, заблагодарувајќи се за поддршката од СН Осигурителен брокер АД Битола.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *