Ирена Ѓорческа – Референт за продажба во СН Осигурителен Брокер:„Ако си свесен дека можеш да паднеш, ќе знаеш како и кој ти треба за да се исправиш.“

Петочно утринско кафе во нашата експозитура во Прилеп. Разговараме со нашата колешка Ирена Ѓорческа, референт за продажба во СН Осигурителен Брокер.

-Најважно е да го знаеш она што го нудиш на пазарот – започна Ирена. – Свеста околу осигурувањето е фундаментална, па доколку ја знаеме нејзината суштина, ќе знаеме што нудиме. За нас, во СН Осигурителен Брокер, клиентот е најважен и во тој контекст, се трудиме да бидеме сѐ подостапни, одговорни и присутни да одговориме на сите нивни прашања и да ги исполниме барањата.

Ирена како е да се работи со клиенти?

Како што кажав, клиентите за СН осигурителен Брокер се на прво место. Како лидери на пазарот на осигурувањето во Македонија, постојано се надоградуваме во контекст на нашата работа и услуги. Задоволните клиенти зборуваат за нашата одговорност. Наша обврска е тие да бидат нашиот приоритет. Трпението и позитивната енергија, мислам дека се клучни кога станува збор за односот кој го градиме со осигурениците. Најважно е да го имаме клучот кој ќе им ја отвори вратата од место каде ќе се чувствуваат безбедни, сигурни и заштитени.

Ирена кои се твоите приоритети надвор од работното место? Имаш ли некое хоби и место за одмор каде ги полниш батериите?

Семејството, сопругот и моите две деца се мојата движечка сила. Времето поминато со нив е бесценето и секој слободен миг гледам да го поминам со нив. Инаку, во остатокот од слободното време, сакам да уживам во некоја добра книга.

Не можам да кажам точно кој е жанрот кој најповеќе би го привлекол моето внимание, затоа што читам секаква литература. Од едукативна до некои психолошки трилери. Сепак, модерните трендови раѓаат нови автори и гледам да ги следам во поглед на тоа мое хоби. Имено, обожавам и долги прошетки кои преферирам да се надвор од границите на нашата земја. Сакам да истражувам нови дестинации.

За крај, можеш ли да ни го кажеш клучот за твојот успех? Што е она што те мотивирало низ животот?

Повеќе од веројатно е дека можете да паднете, но најважно е да се исправите.“
Можеби токму на ова мое мото се надоврзува и оваа наша професија. Затоа што ние како компанија сме оние кои им подаваат рака на тие кои ќе се сопнат на патот. Ризикот постои, но најважна е свесноста околу истиот. Ако си свесен дека можеш да паднеш, ќе знаеш како и кој ти треба за да се исправиш.
СН Осигурителен Брокер е некој кој е секогаш на ваша страна!

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *