СН Осигурителен Брокер со поддршка за Кларифест 2024

СН Осигурителен Брокер со поддршка на уште едно успешно издание на Меѓународниот фестивал за кларинети „Кларифест – Скопје 2024″. Фестивалот во организација на „Артистико“ се одржа од 5 до 7 април во Скопје.

Врвни светски кларинетисти на македонската музичка сцена

СН Групацијата во рамките на стратегијата за општествена одговорност обезбеди поддршка за 6-от Меѓународен фестивал за кларинети. Истиот и годинава донесе врвни уметници од светската музичка сцена.

„Особена чест и задоволство ни беше да го поддржиме годинашното издание на фестивалот. Во рамките на истиот публиката имаше ретка можност да ужива во изведбите на реномирани интернационални солисти. Настапија Барбара Борович – кларинет (Полска) во пијано придружба на македонската пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска и Дуото „Жака“ од САД во состав на Весли Фереира – кларинет и Џексон Вилиамс – гитара. Нашата компанија е активен поддржувач на културни иницијативи во нашата заедница. Таквата стратегија ќе продолжи и во иднина. Целта е обезбедување на што поширока културна понуда со врвен квалитет.“-велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Инаку, оваа година фестивалот се состоеше од семинари, презентации и концерти за кларинет. Гости беа реномирани професори и интернационални солисти. И тоа на кларинет Барбара Борович од Полска (професор на Музичката академија во Краков) и Весли Фереира од САД (професор на Факултетот за музика, театар и танц на Државниот универзитет во Колорадо).

Дел од фестивалот едукација за младите таленти

Фестивалот беше отворен со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во државата. Нивниот музички настан беше организаран во КИЦ-Скопје.

Следеа дводневни семинари за кларинет и презентација на кларинети од брендот Селмер-Париз.

Свеченото затварање на фестивалот беше резервирано за камерен концерт. Притоа настапија гостите солисти Барбара Борович – кларинет (Полска) во пијано придружба на македонската пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска и Дуото ЖАКА од САД во состав Весли Фереира – кларинет и Џексон Вилиамс – гитара. Во прекрасна атмосфера концертот се одржа во Музејот на македонската борба. Публиката ги награди изведувачите со громогласен аплауз и букети цвеќе.

Музиката со поддршка од општествено одговорни субјекти

Фестивалот беше поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Република Полска, СН Осигурителен брокер АД Битола, ЖАКА мјузик, Селмер – Париз, и др, нагласија организаторите.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *