Aко го работиш тоа што го сакаш, ти си среќен човек! – Владимир Трајковски – Застапник во продажба во СН Осигурителен брокер

Aко го работиш тоа што го сакаш, ти си среќен човек!

Тимска синергија, визија, соработка и континуирано учење. Петок е денот кој е резервиран за разговор со нашиот тим. На утринско кафе со колегата Владимир Трајковски, застапник во продажба во СН Осигурителен брокер. Во компанијата работи подолго време, а 15 години се занимва со оваа професија. Токму тоа завидно искуство, зборува за неговиот кариерен „апетит“ кон уште поголеми успеси.

Владимир твојата професионалност е препознатлива според евидентниот квалитет како финален резултат. Зошто токму тука?

Задоволните клиенти се оние кои ми ја даваат потребната енергија за работа. Па потоа уште една визија, скалила кои мора да се искачат и никогаш да не се застанува. Макар и некогаш целиот процес да изгледа навистина тежок, со обемен материјал кој треба да се изработи, пренесе, објасни. Пред сѐ оваа професија е хумана и помислата дека сме ја зголемиле свеста за осигурувањето како важна карика во човечкиот живот, е она што ме мотивира. Да работиш со луѓе е она нешто кое ме привлече да бидам дел од големото семејство на СН.  

работиш со луѓе

Конструираш планови и имаш јасна визија или оставаш се на спонтаност и чуда?

Секогаш планирам. Од таму започнува првиот чекор. Потоа следи деловниот кодекс, а потоа следење на планот. Не би дозволил простор за изненадувања, во позитивна или негативна смисла. Секогаш сум свесен за ризиците. Токму затоа сметам дека е потребен добар план за нивно ублажување. Можеби не можеш да ги спречиш, но мораш да бидеш подготвен!

Владимир ни раскажа дека секој човек мора да има одредено хоби, место кое ќе го релаксира и бодри за понатаму. Трајквоски смета дека физичката активност е онаа кое знае да не опушти, а од друга страна да го создаде вистинскиот адреналин кој те остава „буден“ за нови предизвици.

планинарење

Обожавам природа и вегетација. Сакам да патувам и истражувам. А кога зборуваме за летен одмор на пример, би рекол дека мнoгу повеќе сакам зеленило, планинско место. Далеку повеќе од плажа, песок и жешко сонце. Ги полнам батериите на планина.

Кој е трикот за твојата заразна позитивна енергија?

Јас сум сопруг, татко. Комплетно посветен на семејството. Успехот започнува од позитивната енергија што ја градиме во домот. Семејството е првата скала кон успехот. Нивната поддршка е најважна. После тоа, соработката со тимот на работа е со леснотија. И сето тоа создава амбициозен круг. Никогаш не се враќаш дома со негативна енергија.

Мото?

Како што и претходно нагласив, ако го работиш тоа што го сакаш, ти си среќен човек!

Владимир Трајковски – Застапник во продажба, Битола

Улица Благојче Сиљановски 58 А