ЏЕСИ ЛИВЕРМОР, едно од најзвучните историски имиња на финансискиот пазар во САД

ЏЕСИ ЛИВЕРМОР – Звучно име на финансискиот пазар во САД

Кога се зборува за успехот, амбицијата и упорноста, ЏЕСИ ЛИВЕРМОР се истакнува како еден од најуспешните бизнисмени во историјата. Ливермор е едно од најзвучните имиња на финансискиот пазар во САД.

Џеси бил еден од најголемите трговци на берзата во Волстрит. Неговата приказна за неговиот живот, започнува од 1877 година. На 14 годишна возраст, тој побегнал од дома за да ги оствари своите соништа и да излезе од комфор зоната или онаа, според него лоша судбина која му претстоела и го очекувала. Овој успешен бизнисмен инаку требало да се занимава со земјоделие, но тој се одлучил за Волстрит. (Легендарната улица во Њујорк, сегашниот глобален симбол за богатство и моќ.)

Џеси Ливермор

Набрзо станал еден од најуспешните трговци со акции и најголемото звучно име на финансискиот пазар во САД. Во црн Ролс-ројс, оваа ѕвезда од деловниот свет, го „возела“ патот до успехот, чувствувајќи ги сите падови и искачувања до целта. Освен неговиот истанчен вкус и стремеж кон перфекционистички физикус, Ливермор бил еден од најмудрите луѓе кои знаел да го предвиди секое ново движење на пазарот и да ги следи трендовите. Неговите цитати, принципи и методи, станаа важни лекции за инвеститорите и трговците.  

1929 е годината кога Џеси достигнал богатство од 100 милиони долари. Инвестирал и профитирал од влогот. Токму оваа бројка денес ќе го направеше милинер. „Големата мечка од Волстрит“ е познатиот опис кој зборува за легендата.

Џеси Ливермор, звучно име на финанскиот пазар во САД

За неговиот пристап кон неговата работа, Ливермор истакнувал:

„Тргувањето не е игра на шанса, туку игра на информации.”

„Да бидеш во право, не значи ништо ако не печелиш пари.”

„Тргувањето е спорт на богатите.”

„Најважната работа во трговијата е да го одредите правилниот тренд и да останете со него.”

„Тргувањето не е игра на шанса, туку игра на информации.”

„Треба да имате доверба кога анализирате и да останете верни на своите одлуки.”

„Никогаш не тргувајте само затоа што мислите дека треба да тргувате. Тргувајте само кога има јасна можност за добивка.”

„Најважното правило во трговијата е да ја задржите својата психолошка рамнотежа. Не дозволувајте емоциите да ве превладуваат.”