Работата со клиенти е одговорна и значајна компонента за една успешна компанија!“ – Дијана Јовановска – Референт за осигурување
Петок, утро , кафе и една позитивна енергија што доаѓа како бенефит од успешно сработената работна недела. Разговараме со Дијана Јовановска – Референт за осигурување во СН Осигурителен брокер. Дијана е неизоставен дел од нашиот тим. Јовановска е одговорна кон предизвиците и нејзината работа со клиенти. За неа, би рекле дека е секогаш отворена за соработка со широка и мила насмевка. Секогаш доволно трпелива за да ги ислуша проблемите со кои се соочуваме на нашите бироа. Подготвена и достапна да одговори на барањата на нашите клиенти. Имено, Дијана изработува полиси за автоодговорност, зелен картон, патнички осигрувања, гранични за странските возила и т.н.
Дијана како започна твојата кариерна приказна? Го работиш ли тоа што го сакаш?
Апсолутно да. Завршив на факултетот за осигурување и токму ова беше мојата визија. Се наоѓам токму на местото на кое сакав да бидам. Ова беше мојата визија и се радувам дека денес е реалност што се случува токму во СН Осигурителен брокер.
Што мислиш за тимската работа? Колку е таа важна?
Според мене релациите помеѓу членовите на тимот се одразуваат на успехот. Колку се поцврсти, толку е поуспешна една компанија. Тимската динамика значи континуирано решавање на проблемите, изнаоѓање решение за секоја пречка на патот, креативност и разменување на идеи што резултира со ефикасност и продуктивност. Сметам дека мотивацијата игра голема улога, а во тој контекст поддршката е онаа движечка енергија.
Како е да се работи со клиенти и колку е развиена свеста околу осигурувањето во нашата земја?
Работата со клиенти мора да се признае дека понекогаш е стресна. Таа е одговорна и мораш секогаш да си насмеан, позитивен, иако понекогаш и немаш толку убав ден. Но, јас ја сакам оваа работа токму поради тие предизвици. Таа е динамична и мораш да си брз, да имаш познавања со работата на компаниите. Секогаш да си подготвен со одговори кои веднаш ќе го најдат конкретното решение. Контактот со компаниите е неизбежен, а тука е и контактот и соработката со колегите од Техничкиот преглед. Проблемите се сретнуваат, испреплетуваат, па ти мораш да бидиш брз и ефикасен. Имено, можам да речам дека свеста околу осигурувањето е зголемена. Клиентите се интересираат, прашуваат и почнуваат да ја акцентираат важноста на овој термин.
Која е Јовановска после 4 часот? Што те опушта?
Јас сум мајка, сопруга на која секако ѝ е приоритетно семејството. Мојот дом е она место кое ме опушта. Благодарна сум на нивната поддршка. Затоа што од таму започнува креацијата на убавиот живот, исполнетиот. Атмосферата што се креира во домот и со пријателите и сѐ она што ти се случува после работните часови, придонесува многу за тоа со какво расположение ќе го „зграпчиш“ наредниот работен ден. Ме опушта и убава релаксирачка книга. (П.С.Ако најдам време)
Што се однесува до престојот во странство, што ќе им кажеме на нашите клиенти во врска со патничкото осигурување? Што добиваат и кои се некои од ризиците кои можат да се случат?
За време на престојот во странство клиентите имаат покритие за некои ризици кои можат да се случат. Лекарски преглед, набавка на лекови, стоматолошки преглед… Доколку клиентите патуваат авионски,едни од ризиците опфатени со осигурувањето се загуба на багаж, уништување на багаж, кражба. Понатаму, нудиме пакети кои ние ги вклучуваме во зависност од тоа каде патува клиентот.
Нашиот тим е оној кој зборува за успешноста, стремеж кон исполнување на сите ваши барања и услуги кои секогаш се достапни, брзи и ефикасни. Нашата работа е одговорна и секогаш во услуга на нашите клиенти.