Петочно утро на брегот на нашиот бисер, Охридското езеро. Се наоѓаме во нашата експозитура во Охрид и разговараме со тимот на СН Осигурителен Брокер. Како лидер во пазарот на осигурувањето, докажуваме дека нашата компанија постојано расти и се раширува. Утринско кафе со Даме Блажески, референт за продажба и раководител на експозитура Охрид. Даме кој беше твојот старт во однос на развојот на твојата кариера? Како сѐ започна?
Јас сум дипломиран менаџер по осигурување на „Факултетот за туризам и угостителство“ во Охрид, отсек осигурување и менаџмент. Со текот на студиите, сфатив дека навистина се пронаоѓам во оваа професија и ја гледам иднината во неа. Наскоро после студиите, започнав да го насочувам мојот пат кон она што го учев. Така, голем дел од мојата успешна кариерна приказна стана СН Осигурителен Брокер. Мојата улога во оваа компанија е назначена како референт за продажба и раководител на експозитура Охрид.
Амбициозен сум за нови предизвици и го правам она што го сакам, а и го сакам на што го работам. Тимската игра е основна предиспозиција на една успешна компанија. Гордо стојам зад фактот дека нашиот тим е комплетно посветен и амбициозно ги освојува своите таргетни цели.
Како би се опишал како работник во деловниот кодекс и како би се опишал себе си надвор од работното време?
Кога сум на работа, како што реков, сметам дека сум тимски играч. Имено не сакам титули и не стремам кон позиции кои само би му одговарале на моето его. Сметам дека добрината и скромноста се најважните одлики. Така, пред да седнеш на биро и да започнеш со работа, не треба само да се убедуваш себе си дека си добар човек, туку да му одговориш позитивно на твоето прашање. Би рекол на тој предизвик (во денешно време). Скромноста, според мене е онаа одлика на успешните луѓе. Во спротивност, тоа е само его. Не е некој евидентен успех. Понатаму, за себе, би рекол дека сум амбициозен, постојано мотивиран и сум отворен за нови соработки.
Пиејќи македонско кафе во срцето на охридскиот бисер, со Даме се согласивме за позитивната енергија која исто така мора да владее во канцелариите, а и надвор од неа. Даме, како дел од нашиот тим, секогаш успева да не насмее, па и најтешката задача да ја изврши со леснотија. Блажески е социјален тип и надвор од работата.
Позитивната енергија ми ја даваат моите деца и моето семејство. Сметам, дека малку е динамично нашето живеење. Постојано трчаме и го „бркаме“ времето. Трчаме да ги однесеме на училиште нашите деца, да изградиме личности за почит со вистински вредности. Трчаме да ги носиме на часови на кои ќе усовршат јазик, дејност, материјал. И да, постојано им делиме совети.
Во сета таа трка со време, сметам дека понекогаш човек треба да застане и да сфати колку е среќен со сето она што го има. Заштититната мрежа која ја правиме кон она што го имаме, градиме и сакаме е основното нешто. Така, пред да правиме планови, треба да сме свесни за ризиците, за што всушност зборува и целта на нашата компанија. Работата во СН Осигурителен Брокер е доблесна професија и подигањето на свеста за осигурувањето значи кохезија на нашата дејност со граѓаните или доближување на материјалот и терминот „осигурување“ до нашите клиенти. Да докажиме дека сме тим на кој можат секогаш да се потпрат и компанија која е секогаш на нивна страна.
Даме Блажески референт за продажба и раководител
Експозитура Охрид
Улица Даме Груев 1/1 – 3