Понекогаш и покрај доволната пoдготвеност, адекватната oрганзиациска структура и добриот бизнис план, организацијата не би била целосно подготвена и успешна, доколку членовите во истата не би биле мотивирани.
Мотивација води кон поголема амбиција
Поттикот на вработените кон реализирање на проектите и благодарноста кон нив и покрај понекогаш направените грешки, е нешто кое би значело круцијалност во котирање на една компанија на врвот во брзорастечкиот деловен свет. Притоа, би алудирале на поттикот и начинот на кој менаџерите пристапуваат кон нив. Секако целта не е константното повторување на грешки. Но, фундаментално е разбирањето на фактот дека понекогаш ако не погрешиме, не би знаеле како е правилниот начин. Сепак, апро по, не би го апстрахирале и заклучокот дека не смееме истите да ги повториме. Од тука, не смееме и да стремиме кон уште поголеми грешки кои би значеле висок пад на компанијата. Но, сепак мотивацијата е онаа која води кон поголема амбиција.
Клучниот предизвик на еден добар лидер
Назад во школските или универзитетски денови, некои од професорите имаат сосема различен метод и пристап кон учениците и студентите. Тоа се нарекувало демотивација. Изгледа дека токму тоа е она што се променило. Мотивација наместо демотивација. Клучниот предизвик на еден добар лидер и успешен менаџмент лежи во конкретизирање на малите нешта на кои понекогаш треба да им се даде примат и дефиниција дека ќе станат големи. Сѐ започнало од мал чекор.
Имено, терминот мотивација можеби го наоѓа своето место во „светот“ на дефинирање на поимите. Така, би се рекло, дека мотивацијата е преведена како психолошка сила која го одредува правецот на однесување на една личност и секако нивото на нејзината истрајност. Колку личноста е способна да се соочи со пречките.
Би поентирале дека, ако некој премногу се ангажира, велиме дека е добро мотивиран. Баш тука се крие клучниот момент за цела таа трка на пазарот. Да се верува и тогаш кога не веруваме! Или можеби…постојано да бидеме мотивирани и никогаш да не се откажуваме.
Токму тоа го претставува нашата компанија СН Осигурителен брокер. Мотивацискиот пристап и бодрење кон тимот, како способност што го краси добриот менаџмент кој секогаш резултира со успешни резултати кои денес позиционираат како лидери на пазарот на осигурувањето.