Цитати од најуспешните личности од деловниот свет

Во деловниот свет, многу од успешните млади претприемачи, творци на гигантски компании и многу од најбогатите луѓе во светот, ја раскажуваат својата приказна давајќи им мотивација на останатите. Имено, нивните цитати зборуваат дека повеќето од нив, започнале од нула, но имале мала идеја која ја развиле во голема визија. Од таму, таа визија не се плашеле да ја исполнат и го започнале патот до успехот во деловниот свет. Да веруваме во себе и никогаш да не се откажуваме од зацртаната цел, е нивното основно мото.

Еве неколку познати цитати од едни од најуспешните и највлијателни луѓе во деловниот свет:

– „Најголемиот ризик е да не се преземаат никакви ризици. Во свет кој се менува навистина брзо, единствената стратегија која е загарантирана е дека за да се пробиеш треба да превземаш ризици.” – Марк Цукерберг, творец на Facebook

– „Вие добивате од животот она што имате храброст да го побарате. ” – Опра Винфри, телевизиски презентер

-„Кога ќе кажеш: „Не можам да си го дозволам “, мозокот престанува да работи. Ако го поставиш прашањето: „Како можам да го имам тоа? “, мозокот започнува да мисли. – Роберт Каосаки, американски претприемач, инвеститор, мотивациски говорник и писател на бестселери во жанрот мотивациона литература.

-„Оние кои се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот, се оние кои го прават тоа. ” – Стив Џобс, творец на Apple.

деловниот свет цитати

“Избегнувајте непотребни трошоци. ” – Ингвар Кампрад, основач на IKEA.

Ворен Бафет, најголемиот инвеститор во историјата на модерните финансиски пазари прогласен од страна на списанието „Форбс“ во 2008 година, ќе забележи:

-„Замислете дека имате автомобил кој ќе го корситите целиот свој живот. Се разбира дека комплетно ќе се грижите за него, ќе го возите внимателно итн. Сега замислете дека телото и умот се единствените кои ги имате во текот на целиот живот. Затоа грижите се за нив. Главната предност на луѓето се самите тие. Инвестирајте во себе. “- Ворен Бафет

деловниот свет цитати

Успехот е оној кон кој целиме цел живот. Трката на почеток ни се чини дека е бесконечно долга, но она што е важно е да запаметиме дека и најголемите нешта започнуваат од мала идеја и голема визија.

Токму тоа се случи и со нашата СН приказна. СН осигуритеен брокер започна со 4 вработени, а денес е најголемиот брокер на пазарот на осигурувањето. Од мала идеја, до големо остварување на една визија што денес стана бренд меѓу водечките брокерски друштва во нашата држава.

2 thoughts on “Цитати од најуспешните личности од деловниот свет”

  1. Pingback: Причината поради која го сакаме успехот или самата цел?

  2. Pingback: Мотивација наспроти демотивација

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *