СН Осигурителен Брокер започна со визија која амбициозно веруваше и знаеше дека еден ден ќе биде најголемиот брокер во државата. Оваа приказна започна да се креира речиси пред девет години. Денес разговараме со Александра Петровска Кулевска, една од првите две вработени во нашата компанија. Денес Александра е раководител на експозитури и администрација во СН Осигурителен Брокер и секогаш со задоволство се сеќава на почетоците. Раскажува како сето тоа започна од малиот деловен простор кој денес располага со многу експозитури низ целата наша држава. Одново и се восхитуваме на сето тоа што Петровска го постигна. Затоа што добро знаеме дека првиот чекор е оној најтешкиот.
Александра како изгледаше твојата кариерна патека? Што е она што те натера да го одбереш осигурителниот сектор како професија и како стана дел од СН Осигурителен Брокер?
Желбата да бидам дел од една финансиска дејност како што е осигурувањето, ме импонираше отсекогаш. Знаев дека сакам да бидам дел од една ваква приказна како што е СН Осигурителен Брокер, па затоа ги завршив моите студии на факултетот за туризам и угостителство, отсекот „Осигурување”.
Едноставно, (би рекла со амбициозна интенција) бев водена од идејата дека стекнатото знаење од моите студии, би можело да ми отвори хоризонти кои понатаму ќе ги остварам во оваа област. Пред сѐ, е визијата и сигурноста во себе си. А таа сигурност доаѓа како фидбек од фактот дека си се борел студиозно да го научиш материјалот.
Како до успехот? Што треба да прави една компанија за да биде лидер во пазарот на осигурување?
Креирањето стратегијата е круциално. Подоцна следи истражувањето или откривањето на потенцијалите на пазарот, па континуираното следење на трендовите и барањата од клиентите. Како компанија која денес е познат бренд во Македонија, секогаш сме на страната на нашите клиенти. Нашиот успех се заснова на нашето активно следење во донесувањето на законски мерки и начинот на обештетување на осигурениците, како и нивно целосно информирање. Претендираме кон сфаќање на доблеста на оваа професија. Од тука, следи фер односот со клиентот кој со нас како партнер, може да избере најдобро и најсоодветно осигурување.
Но, лидерската позиција на СН Осигурителен брокер и целиот процес кон креирањето на овој бренд, не би трасирал пат до успехот, доколку нема соработка од тимот. Бидејќи имаме добри услови и оваа професија ја работиме со љубов, можам да речам дека минимална е флуктуацијата на вработени во нашата компанија.
Како течи целиот процес на работа на еден раководител на експозитури и администрација?
Мојата работа се фокусира на целата внатрешна и надворешна мрежа. Редовните и чести состаноци низ градовите и соработката со сите наши експозитури низ Македонија, работата на терен, се нешта кои се дел од моето секојдневие. Пристапот кон тие задолженија и обврски не ми претставува тешкотија, затоа што мојот темперамент можеби ме дефинира како социјален тип. Човек кој работи со емпатија и преку транспарентен разговор ги решава проблемите. Сакам акција, брзина и отвореност. Токму од тука е стремежот кон уште поголемо професионално растење. Секој предизвик значи можност за уште поголем развој на нашиот бренд.
Постои ли друга Александра надвор од професионалниот кодекс?
Семејството е основниот приоритет, институција или систем и почетна точка до каде започнува сѐ. Расположението кон освојување успеси, започнува да се создава во домот. Се идентификуваш и дефинираш како успешен, само ако знаеш дека домот ти е она „уредно“ место полно со љубов и разбирање. Јас сум сопруга и мајка, со што мојата втора професија е родител. Сметам дека родителите треба да имаат сојуз. Да работат во тим кој ќе обезбеди пријатна атмосфера каде детето ќе се развива здраво и ќе прерасне во убава личност.
Инаку имам некоја креативна страна и уживам во изработки на чоколадни кутии кои потоа стануваат уникатни подароци. Во контекст би злоупотребила еден цитат: Сите убави приказни започнуваат од чоколада!
Она во кое исто така уживам, се патувањата во и надвор од нашата земја. Сакам да истражувам, да ја научам историјата на светските метрополи, а и малите места кои се надвор од урбаното. Така со полни батерии, прифаќам и стремам кон нови работни предизвици. Предизвици кои ќе ја позиционираат нашата компанија на уште повисоко место во пазарот на осигурувањето.