„Патот до успехот значи да излезете од комфор зона и да инвестирате во себе“ – Даниел Паришко – Раководител на сектор Прием во осигурување

Мирис на кафе и уште еден Петок. Разговараме со Даниел Паришко – Раководител на сектор Прием во осигурување, дел од тимот на СН Осигурителен брокер.

Посветен, секогаш достапен, човек со голема визија. Отворен за соработка, Паришко е алтруист со силна волја за успех. Она што Даниел го прави неминовно парче од мозаикот на нашата СН приказна, е фактот што тој секогаш е подготвен да одговoри на прашање. Да најде конкретна солуција на проблемот, да прецизира и конструира планови и идеи кои го отсликуваат тимот. Неговата визија е јасна и токму затоа го најде своето место во нашето СН семејство кое се позиционира на врвот во пазарот на осигурувањњето во Македонија.

Раководител на сектор Прием во осигурување. Како се одвива еден работен ден на Даниел?

Работниот ден го започнувам со утринско кафе со колегите, а веднаш потоа  започнувам  со работните обврски кои најчесто се состојат од состаноци со клиенти, планирање  на работните активности кои ќе се случуваат во текот на денот, еваулуирање на понуди со цел зголемување на продажбата на интерната мрежа, креирање на стратегија и планирање за пронаоѓање на нови клиенти.

На кое достигнување си најгорд од твојата кариера?

Искрено горд сум на на три работи, првата е изборот за најдобар вработен во 2016 година, втората е моето интервју за Македонската Радио Телевизија во делот за осигурувањето, и третата за која посебно сум горд е моето предавање пред 140 струденти на Економскиот факултет во Скопје за Менаџментот во осигурувањето.

Даниел Паришко - Раководител на сектор Прием во осигурување

Кој е Паришко во своето слободно време?

За време на работните денови слободното време гледам да го посветам на себе и на моето семејство. Обожавам прошетки и спортски активности во природа.

Викендите ги користам најчество во странство покрај плажа од каде се враќам  релаксиран со позитивно расположение и уште поголема енергија за извршување на обврските.

Мото?

Најдобрата инвестиција што можете да ја направите е инвестиција во себе. Колку повеќе учите, толку повеќе ќе заработувате– Ворен Бафет

Даниел Паришко - Раководител на сектор Прием во осигурување

 Комфор зона или секогаш надвор од неа?

Во нашата професија ми се допаѓа тоа што секој ден е поинаков од претходниот, но секогаш динамичен, полн со предизвици, а не секојдневна рутина. Ако нештата не се менуваат и ние не растеме и не го развиваме нашиот бизнис , може многу лесно да станеме ирелевантни. Не можете да го добиете главниот клиент ако не ризикувате да добиете одбивања, од кое скоро сите се плашат.  Затоа треба да излеземе од комфорната зона и да се соочиме со нашите  секојдневни стравови. Ова е единствениот начин за постигнување успех и постигнете своите цели. 

Даниел Паришко - Раководител на сектор Прием во осигурување

Даниел Паришко

Раководител на сектор Прием во осигурување

Тел: 075284653

Email: daniel.parisko@snbroker.mk

Улица: ул.Михаил Апостолски Дончо 7 – Битола