Сн Осигурителен Брокер започна со мала визија. Визија која си вети дека ќе успее да создаде приказна чии успеси ќе ги множи низ целата држава. Сн Осигурителен брокер започна како компанија со растечки претензии, па затоа денес има експозитури низ повеќето градови во Македонија. Токму во Куманово се наоѓа една од нашите филијали, а таму е нашата колешка Александра Андоновска. Андоновска е референт за продажба /неживот, одговорна за СН експозитура Куманово. (Лоцирана на технички преглед Пин Петрол).
На гости во СН експозитура Куманово…
Денес сме на појадок во Куманово, градот со посебна историја, легенди, традиција, соживот. И некаде низ утринските зраци, го испивме и вкусното кумановско кафе, но со нашата колешка не зборувавме за историја, туку за амбиција, успех, иднина. За стремежот кон совладување на поголеми бариери, развој, градење на успеси во нашата компанија како лидер во осигурителниот пазар во Македонија.
Александра, што е клучно за да се задржи човек на врвот?
Амбицијата и никогаш човек да не се откажува! Јас сум задоволна што сум дел од ова семејство скоро четири години. СН Осигурителен брокер е брзорастечка компанија каде несомнено може да напредуваш. Тоа што сум дел од СН експозиура во Куманово, значи дека сум дел од ова успешно семејство и дел од мисијата да креираш стабилни трајни вредности, да обезбедиш врвно осигурување и квалитетен живот за луѓето околу тебе. Оваа професија е полна со предизвици со кои се соочувам секојдневно и тоа ми дава волја да работам затоа што секогаш е различно и ништо не е рутина.
Која е Александра надвор од деловниот „аутфит“?
Кога деловниот дрес код ќе го оставам, секој миг гледам да го посветам на себе и на моето семејство. Играта, учењето и растењето со мојата ќеркичка се оние бесценети нешта кои ми ги полнат батериите.
Гурман, кафе зависник или нешто друго?
Сакам утринско кафе, но имам посебен култ кон појадокот. „На празен стомак не се работи “.
Кога би зборувала во трето лице за себеси, како би го опишала ,,тој” човек?
Посветена, одговорна, перфекционист, забавна.
Амбиција или среќа?
Амбициозноста ја сметам како една од позитивните човечки особини. Тоа е кога човек постојано се стреми да го оствари она што го замислил. Амбицијата е една од клучните особини за среќата. И затоа стојам на ставот дека амбицијата и среќата одат рака под рака.
Со посебна визија, мисија и цел, СН Осигурителен Брокер продолжува да го следи принципот на светските компании. Нашата СН приказна, со постоењето на експозитура во Куманово уште еднаш докажува дека сме растечка компанија. Градејќи доверба, почит кон клиентите, нашата компанија никогаш не ја заборава стручноста и професионалноста на тимот кој е секогаш на Ваша страна!
Александра Андоновска
Референт за продажба / неживот
Експозитура Куманово
ул. 752 бр.38
Телефонски број: 031/422 322