„Причината поради која сакаме да бидеме финансиски слободни е поважна од тоа како ќе ја постигнеме истата“ – Роберт Киосаки
Поведувајќи се од оваа моќна реченица на Роберт Киосаки, би рекле дека веројатно токму зад неговите зборови се крие суштината за успехот. Дали е важна причината или самата цел?
Апро по, се започнува од малку. И најголемите нешта започнуваат од само еден мал чекор. Но, кој е тој чекор и како треба да гледаме на него.
Од тука, би рекле дека е важна причината зошто имаме волја да го направиме првиот чекор. Освен визуелизирањето на целта, важно е и нешто сосема друго. Тоа е онаа мисла која полека расте. Бавно, но сигурно, станува амбициозна, на начин што ќе ве натера да излезете од комфор зона. Финансиската слобода е онаа по која еден таков човек трага. А штом ја најде, успешниот бизнисмен понатаму правилно и достојно би го носел своето одело како кодекс на облекување во овој свет.
Што е она што го сакаме и дали таа претензија е доволна за да успееме?
Средствата со кои се трудиме да ја освоиме целта и да го поминеме патот, се оние кои секако се важен дел. Но, желбата е оној релевантен фокус кон кој треба да го завртиме нашето внимание. Од тука, таа е причина која понатаму ќе биде движечка сила. Не е важно само визуелизирањето на тоа конкретно место и „фотелја“. Важно е градењето на чувството на слобода, моќ, финансиска слобода.
Колку пати сте посакале нешто? Но, дали во вашиот ум се наоѓате на тоа место или сте само нем перцепиент на ѕидовите околу вас? Што е она што ќе ве натера да се движите? Како би се чувствувале по патот со сите успони и падови? Кој е благодетот кога ќе се најдете во финалето.
Направете план. И тоа не само бизнис план, туку и емотивен. Имајте причина која ќе ја исполните како амбициозен човек со конкретна визија што ќе оствари брзорастечки бизнис и компанија кој секако ќе се пробие на пазарот на кој „конкурирате“. Од тука, би го поддржале мислењето на Роберт Киосаки и би ја повториле неговата реплика зад која се крие латентна мудрост што советува: „Причината поради која сакаме да бидеме финансиски слободни, е поважна од тоа како ќе ја постигнеме истата” – Роберт Киосаки