Ворен Бафет со совети за успех во деловниот свет

Ворен Бафет е еден од најуспешните инвеститори на 20 век. Како успешен човек во деловниот универзум и бизнисот, Бафет знае да даде совети за успех. Истите му помогнале на многумина кои се на самиот почеток од кариерата.

Првиот совет за успех на Ворен Бафет е секогаш да се држиме на ставот и да имеме сопствен стил

Овој моќен човек, е познат по неговиот единствен стил. Понекогаш знае да критикува и да го истакне своето мислење без разлика колку тоа се „коси“ со ставовите на сите. Според ова, Бафет веројатно алудира секогаш да знаеме што мислиме и да имаме доверба во себе. Да знаеме, каква е нашата крајна цел и инстанца за да добиеме нешто од она што го кажуваме и тврдиме.

Имајте трепение

ворен бафет совети

Како и се во животот, така и трпението е нешто што е најважно за еден бизнис да биде брзорастечки. Ворен Бафет на почетоците од својата кариера, имал многу понуди на кои лесно можел „да падне“ и да ги прифати, но наместо тоа, овој човек трпеливо ја чекал најдобрата и навистина му се исплатило.

Денот има само 24 часа

Колку и да сте моќни и колку и да имате богатство, сепак останува едно нешто кое не може да го купите со пари. Тоа е времето. Затоа според него, треба да внимаваме кои обврски ќе ги исполниме и кои состаноци ќе ги обавиме. Избегнувајте го сето она кое би ви го одзело скапоценото време во кое впрочем можете да направите чуда кои ќе го спасат вашиот бизнис.

Не треба слепо да се инвестира во сѐ! Ивестирањето не е трка во која треба да победите

Ворен советува дека пазарот всушност не треба само слепо да се следи, туку понекогаш треба да се игнорира. Спротивно од мислењето на многумина, Бафет советува како да се гледа кон инвестицијата и во што треба да се инвестира. Која е добивката и дали вреди бенефитот од истата. Понекогаш со тоа игнорирање, ќе се искористат недостатоците на пазарот и оние грешки кои ги прават компаниите за последователно вие да не ги правите истите.

Учењето никогаш не треба да престане!

Некогаш имаме чувство дека сѐ знаеме, но не е така. Светските трендови се менуваат и релевантно е да се следат истите. Секогаш одвојте време за да ги разберете и да им се приближите на светот кој секогаш знае мудро да ве „престигне“ и е една секунда понапред  од тоа што си мислите.

Тимот е оној кој е секогаш најважен

Никогаш не заборавајте да го пофалите тимот, колегите и сите оние луѓе кои ви помогнале да бидете токму на она место на кое што сте стигнале да бидете.

Ворен Бафет и совети за успех! Како заклучок, ние би се поистоветувале со некои од правилата и советите за успех на Бафет. СН Осигурителен брокер започна со мала визија, никогаш не престанува да учи од светските движечки компании и ги следи трендовите. Почитувајќи ги правилата и постулатите во деловниот свет, СН Осигурителен брокер стана движечка брзорастечка компанија, лидер во пазарот на осигурувањето во Македонија.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *