Инволвирањето на младите во компаниите е општетственo приоритетна одговорност на истите. Една успешна бизнис компанија, секогаш треба да биде свесна дека младиот кадар е добредојден. Нивните свежи, креативни и нови идеи, би рекле дека не само што одново создаваат и можат да придонесат за зголемување на моќта, туку младите ги следат и се во тек со светските трендови.
„Генeрацискиот јаз“ постоел и секогаш ќе постои, но вработувањето на младите во компаниите не смее да се исклучи
„Генeрацискиот јаз“ постоел и секогаш ќе постои. Од тука, би рекле дека никако не би требало да се исклучи мислењето од постарите. Никако не треба да се заборави фактот дека тие се искусни и мудри. Но, воедно, треба да се има предвид дека она нешто кое секогаш недостасува во мозаикот, е прифаќањето на нови идеи кои се во тек со новото време. Идеите на младите како составен дел во компаниите.
Од тука, не треба да го избегнеме сето тоа ново и рапидно менување на трендовите во овој презент. Наместо тоа, треба да се прилагодиме и да се соочиме со предизвиците со помош на младата структура.
Би се напоменала, кризата од пандемијата која конкретно на темата, се надоврзува со своите застрашувачки последици. Имено, поради Ковид 19, младите беа „несразмерно“ погодени. Беа изоставени од работна сила и не успеаја да се инволвираат и интегрираат во компаниите. Тоа беа услови на изгубена моќ, приходи, затворање на големи и мали бизниси и компании. Тоа беа суштински промени во однос на работата. Како што знаеме ковид кризата, не натера да работиме од дома. Оние кои остануваа воопшто да го одржуваат работниот однос, беа ретки поради финансиските кризи кои го доведуваа светот до финансиски колабс.
Времињата се променети, па затоа младите денес знаат да кажат „НЕ“ ценејќи го својот труд, професија и квалитет
Посакувањето и стремежот кон значајна работа што ќе им ги зголеми приходите и ќе ги задоволи нивните апетити на кариерен план, е нешто што е нормално за младите. Тие не можат да работат во токсични услови, не го почитуваат лошиот менаџмент и стремат кон вклучување во тимот. Доколку некои од овие „правила“ не се почитуваат, според бројни испитувања, денес тие се способни лесно да дадат отказ. Да заминат од местото кое им прави притисок и ги доведува до она нешто што се нарекува „burnout“. Отвореноста во односите и пристапот на вработените, како и отворената работна корелација со шефот и лидерот во компанијата, кај младите вработени е приоритет.
Би заклучие дека младите сакаат да напредуваат. Задачата на една компанија е да ги разбира нивните барања. Да не молчи кон нивните заложби и да го препознава и унапредува нивниот труд. СН Осигурителен брокер е брзорастечка компанија која секогаш го има во предвид младиот кадар. Како најголемо брокерско друштво во државата, СН Осигурителен брокер е свесен за квалитетот и потенцијалот на младите структури и стреми кон заложби за нивна одржливост, инклузија, правичност.