Навика, а не правила и закони! – Совети на успешните бизнисмени

Патот кон успехот е декрет или навика?- По што се разликуваат успешните луѓе од останатите?

Луѓето имаат различна перцепција за успехот. Различен пристап и верување со кое сметаат дека ќе го достигнат посакуваниот таргет, цел. Но, што е навистина успехот? Дали се потребни правила и закони или стремежот кон истиот, всушност треба да претставува навика. Имено, според многу истражувања, таа навика претставува склоност кон промени. Нивната предност е што можат да се усвојат, променат или преобрзат и да ги следат новите трендови во деловниот свет. Правилата се декрет кој можеби до некаде ограничува. Од тука, индивидуата останува во едно место, без да ја препознае актуелната „клима“ за оформување на еден брзорастечки бизнис кој е во тек со промените. Доколку постојат навиките, чекорот со динамичниот живот, би се следел многу полесно.

Отстапувањето од строгите закони кои сами си ги поставувате, значи подготвеност да се отвори прозорецот кон станување успешен човек  

Моќта е во усвојување на тој принцип, па од тука многу успешни луѓе кои го освоиле тој врв, првенствено советуваат да се има навика на превземање иницијатива. Тоа би значело препознавање на одговорноста да се предизвика еден настан, наспроти сфаќањето дека иницијативата е наметливост, омраза или напаѓање. Проактивноста значи запознавање на одреден настан, предизвик или проблем. Успешните луѓе имаат навика да преземат одговорност, иницијатива. Потоа лесно управуваат со промените и најважно ги исполнуваат ветувањата.

„Нештата се создаваат двапати. Еднаш во умот и вторпат во реалноста!“

Најважно е да се започне од визијата. Токму ова е зачетокот на разбирање на пошироката слика. Но, навиката е што секогаш треба да се поставува прашањето од типот:„Каде мислев да стигнам, а каде сум денес?“ Навиката за преглед на настаните и моменталната ситуација во која се наоѓате, остварува само т.н. циркулација на односот визија-успех.

Меѓу останатите примати, успешните луѓе го потенцираат советот кој ја истакнува навиката на поставување приоритети и препознавање на квалитетот. Да се навикнеме да бидеме емпатични и да се поставиме во туѓата кожа на начин што би ја гледале целосната слика од друга перспектива. Исто така, вреди да се напомене и креативната навика, како и континуираното учење, вежбање и подобрување.

навики

Свеста околу обновувањето на енергијата е исто така клучен дел од успехот, па не смее да се занемари и одморот и здравјето во тој поглед. Одговорноста кон себе си и чувањето на она што сте го постигнале, е првиот чекор. Зтоа што без внатрешна рамнотежа и усогласеност, без енергија и уништено здравје, нема успех.

Нашата компанија зборува за разбирање на токму тој принцип. Всушност, зародишот на општата идеја за поимот „осигурување“, започнува од таа приказна. Чувајте се себе си и бидете подготвени за ризици, успешно справувајте и секогаш имајте дополнителен план, а грижата оставете ја на некој кој секогаш е на ваша страна.