СН Осигурителен Брокер АД Битола во соработка со Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ви го претставува пакетот Касичка – детско осигурување со штедење почнувајќи од 1000 денари месечно.
Пакет за сигурно детство
Сигурноста на детето е највисок приоритет за секој родител. Поседувањето на полиса за осигурување на живот е еден од најдобрите начини да се намали ризикот од непредвидени финансиски оптоварувања предизвикани од несакани случувања.
За да се заштитат во вакви случаи сега на родителите на располагање им е полисата Касичка која овозможува детско осигурување со штедење.
Касичка за штедење и осигурување
Оваа полиса е одлична можност за осигурување на живот со штедење со бројни предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации.
Предноста е во тоа што пакетот овозможува комбинација на штедење и осигурување, односно покрај полисата за животно осигурување, се гарантира и сигурноста на вложените средства, што значи дека по истек на договорениот осигурителен период, децата ги добиваат средствата во висина која е договорена при склучување на полисата, а низ целиот период на договорот ја користат привилегијата да користат осигурување.
овој тип на осигурување нуди бројни предности. Имено, со овој тип на осигурување може да се осигурат сите лица од 1 ден старост до 15 години, додека периодот за истек на договорот за осигурување не може да биде подолг од календарската година во која осигуреникот ќе наврши 26 години.
*Во случај на несакан штетен настан-смрт на договорувачот на осигурувањето по изминати две години од склучување на договорот, обврската за уплата на идните премии до истекот на договорот за детско штедно осигурување ја презема Триглав осигурување Живот.
За сите дополнителни информации поврзани со полисата Касичка – детско осигурување со штедење можете да се информирате во СН Осигурителен Брокер АД Битола на телефон 078 23 75 29 и 075 28 46 53 или на веб страната www.snbroker.mk.