Работата, деловниот свет, животот. Постојано сме во трка со време. Успехот е релавантен за многу амбициозни луѓе. Секако тие стремат кон континуиран развој. Кон развивање на своите деловни способности, учење на нови вештини, прифаќање и следење на нови светски трендови. За една компанија да биде успешна, треба да биде брзорастечка, општествено одговорна со целосен тим кој секогаш е достапен.
Но, што се случува со балансот помеѓу работата, деловниот свет и приватниот живот. Каде е рамнтожата и која е границата?
Поставувајќи си го ова прашање, рамнотежата околу овие две нешта е апсолутно важна. Истата е постулат за обезбедување и успешно решение кое стои помеѓу проблематиката на двете дејствија. Затоа што многу често, во времето во кое живееме и брзото секојдневие, забораваме на основата и нашата задолжителна скапоцена обврска. Нашето здравје, нашиот живот и нашето семејство.
Како да се постави тој баланс
Оние кои се дел од брзорастечка компанија која знае да го револуционизира својот бизнис, дел од тим кој знае да работи на повеќеслојни проекти, би се препознале во контекстот. Продуктивноста е онаа што е најпотребна за извршување на обврските и системтско конструирање на плановите. Визијата и плановите доаѓаат од мали планови. Но, колку сме способни да ги издржиме пиритисокот. Или колку умееме да го испланираме тоа време како нов старт однос кон секојдневието?
Организација и добар план
Многу експерти советуваат дека трикот е во организацијата која секогаш подразбира квалитетен одмор. Она што понатаму ќе ве „држи“ фокусирани кон обврските кои следат во текот на денот. Односот кој го имате во деловниот простор е исто така приоритетен кога е во прашање балансот на работата со приватниот живот. Тимот е огледало на една компанија и соживотот помеѓу поединците е значаен, но паузата од работните обврски е нешто кое вие одлучувате кога да се случи. Освен задолжителната, вие сте оние кои одлучуваат кога треба да се фокусирате кон работата и кога треба да направите пауза.
Последователната рамнотежа, носи успешни резултати кои ќе бидат значајни за вас, како и за компанијата во целост. Не го занемарувајте уморот кој може да доведи до исцрпеност и деконцентрација, ненавремено извршување на обврските, а и занемарување на семејството и комплетно отсуство на грижа околу вашето здравје. Индиферентноста е онаа која никогаш не оди рака под рака со амбицијата, а таа може да биде резултат на недоволниот капацитет за реализација на совршен план кој му противречи на таргетираната цел.
Апроксиматично, третирајте ја основната етика кон вашиот живот како столбоносна. Одговорноста кон сопственото здравје е првиот чекор кон градење кариера. Стилот на живот треба да вклучува физичка континуирана активност, разбирајќи ја како понатамошен мотив за адреналински континуитет во работните канцеларии и фокус кон доменот во кој работите. Претенциозно е постоењето на место каде ќе се сретнете со пријателите, за потоа да можете повторно свежи и одново концентрирани да ги извршите вашите обврски. Од тука, грижата кон вашиот живот е најскапоценото нешто.